post

Како потрошувачите да те изберат тебе место конкуренцијата?

Како постојано да се надополнува бизнис потенцијалната енергија во тебе како еден претприемач? Знаењето е едно од клучните елементи на бизнис потенцијалната енергија складирана во тебе.

Затоа од минатата недела на секои две недели на премиум претприемач објавуваме по еден вебинар. Вебинарите не се во живо туку се снимаат или ќе се снимаат, но за да се надополни тој недостаток во секој вебинар има специјализирана контакт форма преку која може да се постават прашања, да се прикаже напредокот во однос на акционите чекори преземени по следење на вебинарот и секако да бидеме во можност да ти дадеме дополнителни насоки.

Првиот од 24-те во следните 12 месеци е насловен како: Како потрошувачите да те изберат тебе наместо конкуренцијата?

Едно од најважните прашања за секој бизнис. Затоа и го избравме како прво што ќе биде одговорено низ вебинарот.

Во овој вебинар станува збор за следниве прашања:

  • Како да се дојде до неверојатен кредибилитет и доверба? Овој дел од вебинарот навлегува во клучните влијателни фактори кои влијаат на тоа еден потенцијален купувач да го избере твојот бизнис наместо конкурентскиот. Врз основа на научни и секако практично докажани факти доаѓаме до сржта на она што го поттикнува потенцијалниот купувач да донесе брза и правилна одлука кога станува збор за твојот бизнис.
  • Акции за брзо градење на кредибилитет. Врз основа на научните сознанија во првиот сегмент на вебинарот презентираме повеќе акции кои ќе ти помогнат за брзо градење на кредибилитетот. Ова е нешто што можеш да го преземеш уште денес и секако да ги почувствуваш корисностите.
  • Акции за градење на долгорочен кредибилитет. Освен онаа брзо градење, во исто време треба да работиш и на долгорочно градење на кредибилитетот. Ова е твојата стратешка цел, која ќе ја исполниш следејќи ги презентираните акции.
  • Обезбедување на непристрасност. Секогаш ти треба и ќе ти треба некој кој едноставно ќе те освести, ќе ти каже каде навистина се наоѓаш. Вистината и реалноста понекогаш е тешка. Но, што е тука е, мора да работиме за да ја подобриме. Овој сегмент навлегува токму во тоа, да ти помогне да бидеш непристрасен кога станува збор за самоанализа.
  • Обезбедување на ефективни и ефикасни контакти со пазарот. Едно од најсилните средства за градење и јакнење на кредибилитетот е контактот со пазарот. Ќе одговориме на прашањето како да имплементираш ефективни и ефикасни контакти со пазарот.
  • Акции кои треба да ги превземете. И секако кои се акции ќе треба да ги преземете е сржта на секој вебинар кој ќе го реализираме. Доколку не преземеш акција, бесцелно е следење на вебинарот. Затоа подготвивме за овој (истото ќе биде и за секој друг) акциона листа од 22 страни каде се објаснети сите чекори кои ќе треба да ги преземеш како и сите алатки кои може да ти помогнат во спроведување на тие чекори.

Вебинарот трае еден час и десет минути, а со пристап до вебинарот имаш и пристап до транскрипт на истиот, самата презентација и секако она највредното акциона листа која доколку ја спроведете ќе ве лансира до успешноста.

Може и да го погледнете воведниот дел на истиот во видеото подолу:

И уште еднаш линкот преку кој можеш да пристапиш до вебинарот е следниов: Како потрошувачите да те изберат тебе наместо конкуренцијата?

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*