post

10 Чекори за да бидеш подобар претприемач

Подобар претприемач Значи, сакаш да станеш претприемач, но не било каков претприемач. Ти сакаш да бидеш подобар претприемач.

Како можеш да бидеш подобар претприемач? Што треба да направиш за тоа? Кои се чекорите кои треба да ги преземеш за да биднеш подобар претприемач?

Ова се доста комплицирани прашања, кои не можат да бидат одговорени со едноставен темплејт кој може да се следи. Различни бизниси и различни лица – претприемачи, бараат различни акциони чекори.

Но, како и секогаш, постојат некои заеднички често користени принципи или чекори кои имаат потенцијал да го разликуваат просечниот претприемач од подобар претприемач.

Во последните неколку години, работев со различни претприемачи од различни индустрии и различни бизниси од различни пазари. Сите тие се различни, и никој од нив ги нема преземено истите чекори за да постане успешен. Но, можам да направам разлика меѓу нив, или попрецизно да направам некоја разлика помеѓу успешни и просечни. Сите успешни претприемачи ги користеле следниве чекори и затоа и се разликуваат во поглед на успешноста од оние кои не ги користеле.

#1 Успешни претприемачи преземаат акција

Тие имаат идеи, сакаат да сонуваат за нивните идеи, но исто така преземаат акции (прва особина на успешен претприемач) за да нивните соништа станат реалност.

Без тие акции, тие не би биле онаму каде што се денес. Без тие акции нивните соништа не би станале реалност. Без тие акции, тие не би биле претприемачи.

#2 Повеќе акции

Тие секогаш преземаат повеќе акции бидејќи никогаш не се задоволни со тековната ситуација, иако презеле претходно акција и успеале со неа.

Секогаш постои нешто повеќе за нив, нешто што може да се подобри, нешто подобро…

#3 Заедница

Претприемачи без заедница не можат да бидат претприемачи. Успешни претприемачи имаат голема заедница на поддржувачи, истомисленици, привлекувачи на внимание, следачи… Тие знаат дека без нив, нивниот бизнис би бил во опасност. Тие знаат дека нивниот бизнис успех ќе се потпира на таа заедница.

Затоа и една од најважните задачи за нив е подобрување на квантитетот и квалитетот на заедницата.

#4 Учат од нивната заедница

Нивните поддржувачи, истомисленици, привлекувачи на внимание и следачи секогаш можат да им дадат идеи за можни подобрувања, можни потреби или пак можни проблеми кои бизнисот може да ги реши, а сеуште не се решени.

Овие претприемачи го имаат најголемиот потенцијал за зголемување на сопствената бизнис потенцијална енергија директно од нивната заедница зголемувајќи го нивното знаење за тоа што луѓето сакаат. На таков начин, ќе можат да им го дадат она што го сакаат. Тоа е добива-добива (win-win) ситуација.

#5 Не стравуваат од неуспех

Дури може да се каже и дека сакаат да не успеат, но да не успеат колку што може побргу. Доколку направиле грешка, подобро е да не успеат во раните фази на проектот кога неуспехот не е толку болен како што би бил подоцна.

#6 Учат од неуспех и грешки

Доколку немаат неуспеси, нема ниту да научат. Доколку не научат нема да знаат што да прават во иднина. Дали ова е едноставно?

#7 Она што го научиле, го применуваат во следните чекори

Секогаш се спремни да преземат акција и преземаат акција. Но, она што го знаат од формално и неформално образование го користат во секојдневната работа.

Наученото е стандард за во иднина.

#8 Секогаш се обидуваат да научат нешто ново

Читаат книги кои може да го подобрат нивниот претприемнички ивот. Зборуваат со разни лица и учат истовремено. Никогаш не запираат со пробување на различни начини да научат нешто ново што може да се користи во нивниот бизнис.

#9 Никогаш не забораваат да преземат акција

Секоја одлука мора да биде имплементирана. Секој проект мора да се започне и заврши до крај. Секогаш постои нешто што треба да се направи.

Добредојде во бизнис светот!

#10 И, да, неуспехот е дел од нивниот секојдневен живот

Доколку се менаџира на вистинскиот начин, тие може да не успеат 9 пати од 10 обиди. Но, последниот, десетиот успех, може да биде вреден за сите девет неуспеси.

Значи, треба да направиш нешто, да не успееш и да научиш од тој неуспех. Тоа е основната филозофија на станување на постојано подобар претприемач.

Може ли да споделиш твои размислувања за успешен претприемач? Што мислиш, постои ли уште нешто што ќе ја подобри листава?

Да, секогаш може нешто да се подобри, дури и листава.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*