post

4 начини за зголемување на твоите цени

пари Кога зборуваме за цени, тоа се многу чувствителни прашања за секој претприемач. Повисоки цени значат и поголем профит, но од друга страна постои опасност да се загубат некои купувачи.

Понекогаш како претприемач ти ќе бидеш принуден да ги зголемиш твоите цени. Тие сили кои те принудуваат на овој чекор се диктирани од страна на пазарот и се доста влијателни на твојата трошочна структура.

Како и да е, прашањето е како да ги зголемиш цените со најмало можно ниво на болка за твоите купувачи.

Секоја од овие техники е специфична за различни ситуации или различни причини за зголемување. Понекогаш може да постои притисок од снабдувачите поради зголемување на цените од нивна страна, а тоа има директно влијание на трошочната структура. Во таквите ситуации, не постојат некои големи можности за обидување со други тактики. Едноставно се бара зголемување на цените согласно со новонастанатата ситуација.

Понекогаш пак може да се има повеќе време за анализи и тестирања за зголемување на цените, додека понекогаш едноставно треба да се додаде дополнителна вредност во понудата за да се зголемат цените.

Важно е да знаеш дека различните причини за зголемување на цените ќе бара различни начини на зголемување на цените.

Кои се најчестите начини за зголемување на цените?

#1 Постепено зголемување

Нешто што често пати се користи од страна на претприемачите е постојано зголемување на цената, така што зголемувањето нема да претставува шок за потрошувачите. Едноставно продолжуваш со зголемување на цената се додека не стигнеш до нормалната или онаа која ја посакуваш. Најголемиот предизвик при користење на оваа техника е да знаеш кога цената го поттикнува отпорот на потрошувачот. Треба да го следиш нивното однесување.

На пример, ја зголемуваш цената за 5% и ништо не се случува. Твоите потрошувачи продолжуваат да купуваат во иста количина како и пред зголемувањето. По одредено време, кога ќе се осигураш дека зголемената цена не предизвикува промена во однесување на потрошувачите, едноставно повторно ја зголемуваш цената за 5%. И повторно ништо не се случува. продажбата останува иста. Нема жалби на цената. Па затоа повторно ја зголемуваш цената за 5%, но потоа откриваш дека твојата продажба започнува да паѓа. Тоа е знак кој ти кажува да престанеш и да ги вратиш цените на претходното ниво на покачување.

#2 Тестирај, потоа зголеми

Ова е втор начин кој можеш да го користиш за зголемување на твоите цени. Доколку сакаш да бидеш сигурен дека новите цени ќе бидат добри за твоите потрошувачи ќе треба да ја тестираш таа хипотеза. Прво, мора да откриеш колку тие се спремни да платат за твојата понуда. Ќе го најдеш одговорот доколку ги прашаш, или пак со помош на сплит тестови што значи да понудиш исти понуди со различни цени за различен примерок од потрошувачите.

Ова техника едноставно значи дека ти не ги зголемуваш твоите цени пред да дојдеш до заклучоци од твоите тестирања кои би ти кажале која би била најдобрата цена за твоите производи и услуги.

Може да ја користиш оваа техника доколку не си сигурен во однос на твоите цени, или пак доколку сметаш дека тие се потценети.

#3 Додади  вредност

Понекогаш доколку едноставно сакаш да ги зголемиш цените за да го подобриш сопствениот бизнис, или зголемиш профитабилноста, ќе можеш да ја користиш оваа техника.  Доколку додадеш дополнителна вредност во твојата понуда која ќе претставува фер компензација за разликата која ќе ја бараш во цената, твоите потрошувачи може да го ценат тоа и продолжат да купуваат од твојот бизнис.

Може да додадеш одполнителни карактеристики, сервисни компоненти, бонуди, гаранција, испорака…

#4 Едноставно направи го тоа

Последната техника е наречена едонставно спроведи го зголемувањето и значи дека преминуваш на зголемување на цената на нивото на која и треба да биде. Колку треба да биде е она што ти мислиш дека вредат твоите производи или услуги.

Понекогаш ќе бидеш принуден да ги зголемиш твоите цени доколку сакаш да останеш во бизнисот. Во таква ситуација, не постојат можности за размислување или тестирање. Мора да ги зголемиш цените и точка.

Како и да е, една работа која би требало секогаш да ја користиш со секоја од техникиве е да ја докажеш вредноста на твојата понуда за да го балансираш влијанието на зголемувањето.

Како што може да забележиш, постојат различни начини или техники кои може да ги користиш кога планираш зголемување на цените. Но, многу поважно е што во различни ситуации, или различни прилики, ќе биде потребна различна техника. Најди што е најсоодветно за секоја ситуација и искористи го.

Какво е твоето искуство кога ги зголемуваш цените? Постои ли некоја друга техника која ја користиш?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*