post

[Вежба] Твоите пораки како склоп на вистински зборови

Секоја недела на претприемач ќе имаме по една главна тема за вежба за таа недела. Користете ги вежбите, а со тоа и ќе ги имплементирате во пракса и секако се надеваме дека ќе го подобрите сопствениот бизнис. Чекор по чекор со ефект на пеперутка до успешноста.

Зборови, зборови, зборови… Многу работи во претприемништвото се базираат токму на зборови.

Зборови како ветување. Зборови како порака. Зборови во комуникација.

Но, дали се кориси вистинскиот склоп на зборови? Се чини дека денес многу работи еден претприемач може да придобие и секако да извлече базирајќи се назборови.

Како една вежба разгледајте ги следниве елементи, а потоа и видеото подолу и седнете направете десетици, ако не и стотици реченици за вашите пораки:

  • Проблем на купувачи;
  • Желби на купувачи;
  • Потреби на купувачи;
  • Бенефит од твојот производ или услуга;
  • Карактеристики на твоите производи или слуги;
  • Твојот досегашен успех;
  • Твоите купувачи.

Мислам дека е доволно за оваа вежба да имате 7 елементи по 10 реченици за пораки. Видеото е само за инспирација и насоката во која треба да се движите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Неформално Образование says

    Ефект на пеперутката. Или како што јас повеќе милувам да го наречам: Каматно каматен ефект.

    • Sutevski says

      Навистина, може и така да се нарече, од стојалиште на еден економист.

Speak Your Mind

*