post

Сегментација на активностите на меѓународен маркетинг

Меѓународен маркетинг Меѓународниот маркетинг претставува едно сложено подрачје и отвара можност за примена на разни  маркетинг стратегии, па се јавува потреба да се изврши сегментација на маркетинг активностите.

Извозниот маркетинг претставува најраспространет маркетинг концепт. Цел е извозниот концепт да се подигне на поголемо ниво и да добие стратешки определби. Носителите на извозниот маркетинг се националните компании, кои организираат извозни маркетинг активности во сопствената земја, а производите ги преминуваат националните граници и се вклопуваат во системот на понудата на меѓународниот пазар.

Компаративниот маркетинг претставува комплексен пристап на изучување на логика, сличност и разлика на маркетинг системот и пракса во различни национални опкружувања. Овој начин на изучување на маркетингот, нашол голема примена во меѓународниот маркетинг и придонесува за подобро разбирање на проблемите кои настануваат при меѓународното работење. Со ова се овозможува подобро вклопување на меѓународните маркетинг активности во меѓународното опкружување.

Меѓународниот маркетинг се разликува од домашниот или базичниот маркетинг. Со ова се нагласува потребата за проучување на маркетинг праксата, во земјата во која се настапува. Оваа активност овозможува надминување на проблемите кои можат да настанат, доколку компанијата не е доволно вклопена во нова средина или доколку компанија нема доволно меѓународно искуство.

Регионалниот меѓународен маркетинг е маркетинг пракса која се применува во групација на повеќе земји. Овој маркетинг концепт претставува подигнување на ниво на маркетинг активностите од една на повеќе земји со слични услови во работењето. Тоа се најчесто земји кои се здружени во слободни трговски зони, царински, политички или воени унии.

Меѓународниот кооперативен маркетинг претставува посложен облик на вклучување во меѓународното работење, врз база на рамноправна производно технолошка соработка на два или повеќе партнера од различни држави. Маркетинг концептот се реализира преку различни облици на соработка, со јасна поделба на обврските помеѓу партнерите. На овој начин се штитат интересите на две или повеќе национални стопанства.

Мултинационалниот маркетинг претставува синхронизирање и координирање на мултинационални маркетинг активности. Носители на овие активности се големите мултинационални и транснационални компании. Производните и маркетинг активности се организираат во меѓународни размери со што се надминуваат националните и регионалните граници, со голема мобилност на факторите на производство.

Глобалниот маркетинг најчесто се изведува од процесот на глобализацијата на пазарот или се врзува за деловно работење на глобални корпорации. Оваа маркетинг пракса може да се применува во светски рамки. Основната карактеристика му е целиот свет да го набљудува како еден пазар. Врз база на оваа маркетинг стратегија, работат глобалните корпорации, кои се во состојбата да продаваат ист производ или услуга на ист начин во сите пазари.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*