Глобални маркетинг цели – Пазар во однос на производот

Секоја компанија настојува да ги задоволи побарувањата на одредениот пазар, а како следен чекор настојува да изврши експанзија на нов пазар. Тоа може да го направи со нов или со стар производ, а пласманот може да се одвива на нов или на стар пазар. Тоа е прикажано на сликата. Пласирањето на производите на нови пазари, овозможува остварување на глобални маркетинг цели.

Глобални маркетинг цели во однос на производ и пазар

Овие активности можат да се поделат во четири групи:

  • Продажба на стар производ на стар пазар. Ова е состојба на почеток на работење на компанијата. Компанијата нема доволно средства ниту искуства, па настојува да се одржи на стариот пазар, најчесто тоа за компанија претставува домашниот пазар. Овој начин на работење треба да се менува и да се воведуваат новини, во смисол на освојување на нови производи и нови пазари.
  • Продажба на нови производи на стар пазар. Со понатамошно зајакнување, компанијата воведува нови технологии како и нови производи, но сеуште работи на стариот пазар. Некогаш доколку се работи за Европски или некој друг силен пазар, тоа е одлична позиција. Но, во природата на секој човек е да сака да оди напред, па сите овие чекори одат во прилог на зајакнување на компанијата и нејзина подготвеност во следните чекори да излезе на новите пазари.
  • Продажба на стар производ на нов пазар. Кога компанијата ќе ги задоволи потребите на домашниот пазар, а доколку истражувањата покажат дека има побарувања за нејзиниот производ на нов пазар, тогаш компанијата настојува да изврши експанзија на тој пазар. Некогаш структурата на производот овозможува да се настапува и на стариот и на новиот пазар со ист производ, а некогаш тоа се должи на немање на средства, знаења или искуства.
  • Продажба на нови производи на нов пазар. Кога компанијата ќе постигне целосна силина, ќе биде во состојба да пласира нови производи на новите пазари, бидејќи има направено маркетинг истражување, со кое е согледано побарување за одредениот производ на нов пазар. Со овие активности компанијата ќе освојува нови пазари и ќе ги зголемува своите профити.
Print Friendly

Сигурно ќе ви се допадне. Ажурирањата на блогот, плус:

  • Е-книга: Блогирање за бизнис
  • 10 Видео материјали за веб презентација на Вашиот бизнис
  • 10 Бизнис темплејти за Вашиот бизнис, и
  • По една претприемничка тема месечно во наредни 8 месеци

Слични теми

Искажи се доколку имаш нешто

*