post

Како да се издржи и остане во фазата озбилност?

Дизајн и пакување на производот Кога си во фазата озбилност, твојот бизнис е лидерот на пазарот. Имаш одлична позиција, продажбата цвета, побарувачката е на високо ниво, иновативноста е на високо ниво, тешко е конкуренцијата да те следи.

Ова е поради тоа што досега во сите фази успешно си ги избегнал сите проблеми.

Но, опасностите да те турнат од оваа позиција доаѓаат и од внатрешноста и од надворешноста на твојот бизнис. Сите имаат императив да ги победат најдобрите, а не просечните. Но, како да се избегнат овие можни проблеми кои ќе те оттргнат од оваа фаза? Ти сигурно сакаш да останеш на врвот.

Подолу се дадени неколку совети за тоа на што би требало да се насочиш кога бизнисот е во оваа фаза:

  • Избор на висококвалитетен менаџерски тим кој ќе знае што треба да се направи. Сега, менаџерскиот тим е оној кој ќе ги води работите. Во менаџерскиот тим се многу одлуки кои ќе имаат големо влијание за функционирањето на бизнисот.
  • Усогласување на претприемништво и одржување. Во оваа фаза бизнисот е со целосно изградени функции, системи и потпори на кои се потпира севкупната работа. Тоа значи дека постојат, правила, процедури, структури, цврсто дефинирани процеси… Едниот дел ќе се занимава со одржување на високото на ниво на тековната сотојба која не одржува на тронот, додека вториот дел е претприемништвото кое треба да размислува за иднината на компанијата, идниот пазар, идните производи или услуги, идниот претприемнички циклус без кој ниеден бизнис (без разлика на големина) не може да опстои подолг временски период.
  • Постојано следење на внатрешните и надворешните фактори кои претставуваат причинители на организациски промени. Повеќе може да прочиташ во извори на организациски промени и нивно навремено откривање.
  • Имплементирање на организациски промени заради прилагодување кон променетите влијанија од надворешноста и од внатрешноста на организацијата. Промената е составен дел од животот на еден организациски систем како што е бизнисот. Таа мора да се имплементира, нормално доколку сакаш да опстанеш.

Целта ни е да се задржиме во оваа позиција од животните циклуси на бизнисите, не да одиме во наредната, ниту да се вратиме во претходната.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*