post

10 Совети за да ја зголемите продажбата

Минатата недела напишав еден пост со наслов како да ја зголемиш продажбата. Лекцијата од постот е дека треба да се преземете активности доколку сакате да успеете во овие намери.

Треба да се обидете со експериментирање во однос на различни пристапи и различни понуди за вашите купувачи за да видите што има најголем потенцијал за зголемување на продажбата. Не чекајте ниту од мене, ниту од било кој друг (освен консултант кој одблиску ќе работи со вашиот бизнис) дека ќе ви даде “волшебно стапче” за зголемување на продажбата. Не дека не постои такво стапче за кое сонуваат сите деца. Тоа постои, но е составено од два дела кои не се во иста личност, со што сложеноста на користење на истото е поголема. Едниот дел е кај тебе, претприемачот, додека вториот функционален дел е кај твоите купувачи. За да биде функционално мора да се состават двата дела.

Затоа ви требаат различни експериментирања со различни пристапи бидејќи вашиот бизнис е уникатен и посебен на свој начин.

Сега, ајде да зборуваме за некои можни совети со кои можете да се обидете и кои може да ви помогнат во вашиот напор за да продавате повеќе.

Совет за зголемување на продажба # 1: Ги знаеш ли тековните купувачи?

Како претприемач вашата примарна цел е да продавате повеќе на вашите тековни купувачи.

Ги познавате ли доволно вашите сегашни купувачи? Дали имате или одржувате квалитетни податоци за демографија како возраст, износот на приходи, возраст…? Дали ги познавате нивните психофрафски карактеристики? Што е со нивните навики за купување?

Што е со неодамнешност и фреквентност на нивнате купувања? Колку пари трошат во вашиот бизнис? Дали користите RFM анализа за спроведување на data mining на податоците за вашите сегашни купувачи? Оваа анализа е моќна алатка за да се најдат скриени знаења во вашата база на податоци. Резултатите од таквата анализа ќе ви дадат добро дефинирана стратегија за тоа како да се вратат вашите изгубени купувачи, задржување на вашите најдобри купувачи и каде и како можат да се подобрат односите со некои од вашите сегашни купувачи.

Ако сакате да ја зголемите продажбата во вашиот бизнис во однос на сегашните купувачи, ќе ви треба подобро знаење за нив.

Совет зголемување на продажба # 2: Разберете ги вашите идеални купувачи

Дали знаете кои се вашите идеални купувачи? Сигурно не сакате да го губите вашето време и пари во напори да привлечете купувачи со низок потенцијал за вашиот бизнис.

Ако таргетирате високо потенцијални купувачи за вашата компанија, и тие се вашите идеални купувачи, ќе се подобри севкупната бизнис потенцијална енергија во вашиот бизнис.

Повторно, треба да имате една база на податоци за секого кој може да биде дел од описот на вашиот идеален купувач. Ако сакате да ги направите да бидат ваши купувачи, треба да знаете за нивните проблеми, нивните потреби, желби и навики.

Знаењето ќе ви помогне да направите неодолива понуда создадена специјално за нив, и нормално ќе продавате повеќе.

Размислете за следниве прашања:

  • Кои се вашите идеални купувачи?
  • Каде се тие?
  • Што прават онаму каде што се?
  • Што е нивното семејство?
  • Кои се нивните пријатели?
  • Што сакаат?
  • Што се нивните најголеми проблеми?
  • Што се нивните најголеми желби?
  • За што сонуваат?
  • Кои се нивните најголеми фрустрации?
  • Кој е јазикот кој го користат во комуникација со другите?
  • Кои средства за комуникација користат?
  • Колку време поминуваат на различни места каде што сакате да ги сретнете?
  • Како го поминуваат своето време таму?
  • Како може да им се доближите?
  • Како можете да ги направите да бидат ваши купувачи?

Совет за зголемување на продажба # 3: Градење на заедница

Друг стратешки начин да се подобрат резултатите на продажба е градење на заедница околу вашата компанија.

Ако сакате да имате силна база на потенцијални купувачи за вашиот бизнис, кои лесно може да станат купувачи кои ќе имаат доверба во вас, треба да изградите силна заедница околу вашиот бизнис.

За да успеете ќе ви треба реална заедница со вистински лица, доволно голема за да ја поддржи вашата компанија и квалитетна комуникација.

Еве некои од основните идеи кои можете да го користите и спроведувате:

  • Поврзете се со вашите сегашни и потенцијални купувачи и поканете ги да станат дел од вашата заедница. Покажете им ги придобивките кои тие можат да ги добијат доколку се дел од таа заедница.
  • Кога тие ќе станат дел од вашата заедница помагајте им. Станете пријател на кој ќе може да се потпрат.
  • Вашата заедница не е место каде што ќе се обидувате да продавате и ништо друго. Вашата заедница има за цел да ги едуцира членовите за вашата деловна експертиза, вредност и понуди.
  • Треба да изградите секојдневната комуникација со членовите на заедницата. Сакете да ви веруваат. Сакате да купуваат од вас, тогаш комуницирајте со нив.
  • Треба да ја изградите вашата заедничка платформа каде што секој член на заедницата ќе биде крал на кралството.
  • Треба да ја слушате вашата заедница ако сакате да продавате повеќе. Членовите на заедницата ќе ти кажат што е она што тие го сакаат, кои се нивните проблеми, кои решенија се обидуваат да ги најдат … Вие само треба да го испорачате она што тие ви го кажуваат. Но, како може да се испорача доколку не се ислуша?
  • Треба да учите од членови на заедницата доколку сакате да го испорачате она што тие го сакаат.

Совет за зголемување на продажба # 4: Генерирајте повеќе потенцијални купувачи

Друга тактика која може да ви помогне е генерирање на повеќе потенцијални купувачи во продажната инка. Ако имате повеќе потенцијални купувачи, со ист стапка на конверзија, ќе имате повеќе купувачи кои ќе генерираат поголема продажба за вашиот бизнис.

Обиди се со различни пристапи во вашите повици, подобрете го вашиот веб сајт, почнете со блогирање, користете различни пристапи за рекламирање…

Постојат многу можности кои можат да ви помогнат да се привлечете повеќе потенцијални купувачи. Што ќе користите ќе зависи од вашите сопствени претприемачки креативности и од вашите аналитички способности за да се најде она што е вистинското, а што не дава резултати за вашиот бизнис.

Совет за зголемување на продажба # 5: Поголема продажба на постоечките купувачи

Често пати се заборава тактиката за зголемување на продажбата преку поголема продажба на веќе постојните купувачи.

Вашата цел е да се обидете да продадете два производа, наместо еден, 1000 денари вредност, наместо од 700 денари. На крајот резултатите од вашите напори со оваа тактика можат да бидат огромни за вашата компанија.

Повторно ова тактика ќе зависи од вашата креативност како претприемач. На пример, можете да направите пакет производи, користете upsell, cross-sale, бесплатни примероци, употребувајте наградни програми за купувачите, попусти базирани на вредноста на купувањето…

Совет за зголемување на продажба # 6: Мотивирајте ги вашите вработени

Многу работи околу процесот на продажбата ќе ви ги осигура вашиот продажен тим. Можете да ги имате најдобрите идеи, или најдобро дизајнираните процеси, или најдобро дизајнирани маркетинг кампањи, но, на крајот купувачите доаѓаат во директен контакт со вработените. Ако тие не успеат да продадат повеќе, вашите напори ќе бидеат залудни.

Еден начин е да користите различни поттикнувања, продажни програми за да ги мотивирате своите вработени да продаваат повеќе. Вие треба да ги охрабрите своите вработени за обид за поголема продажба во секоја можна ситуација кога тие се во процесот на продажба.

Друг начин да се подобри мотивацијата на вашите вработени за да продаваат повеќе е да ги едуцирате. Вие сте претприемач, ќе изградите еден систем, бидејќи знаете што функционира, а што не. Зошто да не ги едуцирате и да им помогнете да ја подобрат сопствената работа.

Можете да ги поттикнувате на вашите вработени да ги споделат искуствата едни со други. На таков начин различните искуства се основа за подобро учење и подобрување на пристапи кои што тие ги користат.

На крајот, никогаш не заборавајте да го наградите вашиот тим, ако тие навистина успеале да продадат многу повеќе.

Совет за зголемување на продажба # 7: Проверете ја вашата стратегија на цени

Понекогаш цените можат да бидат клучен елемент во зголемување или намалување на продажбата.

Процесот на поставување на цени е наука од една страна и уметноста на друга страна. Ќе треба да балансирате со многу променливи ако сакате да бидете сигурни дека вашите цени се вредни за вредноста која твојот бизнис ја нуди.

Надценување и подценување е опасно за вашиот бизнис.

Бидете умни, користете научни пристапи да ги поставите вашите цени, слушајте ги вашите купувачи, анализирајте ги вашите бројки, тие ќе ви кажат што треба да направите.

Совет за зголемување на продажба # 8: Понудете допонителни услуги за купувачите

Допонителни услуги за купувачите се нешто што може да отвори можност да продавате повеќе.

Ако испорачате дополнителна услуга на купувачите, тоа е повеќе од  основната вредност на вашите производи или услуги. Тоа е нешто што може да го изгради вашиот кредибилитет и доверба кон вашиот бизнис.

Совет за зголемување на продажба # 9: Прашајте за препораки

Ако веќе имате изградено кредибилитет помеѓу вашите купувачи, вие сигурно сте бизнис во кој може да се верува, се има доверба, а тоа значи дека вашите купувачи можат да станат едно од најважниот имот на вашиот бизнис. Имот кој можат да ја зголеми продажбата.

Од друга страна, ако не прашувате за препорака од оние задоволни купувачи нема да го користите целосниот потенцијал на она што тие можат да го донесат во вашиот бизнис.

Прашајте ги за препораки и ќе видите какво огромно влијание врз вашиот бизнис.

Совет за зголемување на продажба # 10: Стратешки сојузи со партнерските компании

Веројатно на пазарот постојат слични компании како вашата со слични бази на купувачи и компатибилни понуди.

Еден од можните начини кои можете да ги користите за вашиот бизнис во напорите да ја зголемите продажбата е да направте стратешки алијанси со таквите компании.

Ова партнерство може да има огромно влијание врз продажните бројки и за двете компании. Зошто да не се искористи потенцијалот?

Од друга страна, таквото партнерство само ќе ја зголеми вредноста на вкупната понуда од двете компании. Тоа е принципот на синергија каде 1 + 1> 2.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*