post

Најголемите причини за одложување на започнување на бизнис

Постојат многу причини за одложување на започнување на бизнис. Добро, и во идеални услови (сепак кај нас е далеку) сепак започнување на бизнис не е лесно и не гарантира успех.

Но, што е она што еден потенцијален претприемач го враќа назад. Дали е тоа недостаток од финансиски средства потребни за започнување? Иако се смета дека финансиите се најголемата причина, сепак барем според моето искуство причините лежат длабоко во самиот потенцијален претприемач.

Не се многу, но се силни и влијателни во донесување на одлуката повеќе од сите останати “измислени” причини.

Да ги разгледаме.

1. Страв

Стравот е првата пречка која треба да ја елиминирате доколку сакате да станете претприемач.

Страв ми е да го направам тоа. Што ако не успеам?

Ова се само изговори вкоренети длабоко во самите вас, но може и да бидат поради несигурноста дека идејата ви е добра. Полесно е да се одложи отколку да се соочите со нешто од што стравувате.

2. Треба ли?

Треба ли да го направам тоа? Има ли други алтернативи? Што ризикувам? Дали е вистинското време за започнување на бизнис?

Никогаш нема да го дочекате вистинското време. Тоа не постои. Секогаш ќе има проблеми кои ќе предизвикуваат неизвесност кај вас.

Несигурноста е честа причина заради одложување на оние први чекори за започнување на бизнис.

3. Перфекционизам

За да го направам тоа првин треба… Имам ли перфектен план?

Доколку чекате се да биде перфектно, никогаш нема да го дочекате денот на започнување на бизнисот. Некои работи едноставено треба да се спроведат за да се види дали функционираат, Ниеден перфектен план нема да ви ја гарантира успешноста.

Перфекционизмот е третата поголема причина заради која повеќето потенцијални претприемачи го одложуваат започнувањето со бизнисот.

Потсетете се на 15-те карактеристики на успешни претприемачи. Мора да се преземе ризик и да се биде упорен и истраен. Патот не е едноставен.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*