post

3 Дополнителни прашања за секоја идеја која ја имате

Пред повеќе години тука напишавме пост насловен како 3 елементи кои секоја бизни идеја мора да ги има.

Тие елементи доаѓаат од купувачот и пазарот при што:

  • Тој треба да има проблем,
  • Тој треба да има силна желба да го реши тој проблем и
  • Да постојат мали шанси дека проблемот ќе биде решен без идејата која се разгледува.

Оваа логика претставува одлична појдовна точка за развој на една бизнис идеја. Но, сепак недостатсува една важна алка. Алка која ги држи сите останати алки во синџирот. Тоа е претприемачот.

Што е со претприемачот? Каде е тој во процесот? Го нема. Во пракса постојат повеќе случаи кога на пазарот постои проблем, постои и желба за решавање на проблем и досега проблемот не е решен, а сепак претприемачот да не биде задоволен со резултатите кои ги носи бизнисот.

Тука се три дополнителни прашања кои ќе реба да ги одговорите за секоја бизнис идеја.

1. Како ќе бидам платен со оваа идеја?

Секоја идеја која кога ќе се имплементира треба да донесе некоја корисност и за вас како претприемач. Некој ќе треба да плати за производот од вашата идеја. Доколку постои начин да бидете платен преку таа идеја, можете да преминете со следните прашања.

2. Колку ќе бидам платен со имплементација на таа идеја?

Второто прашање е вредноста која ќе ја добиете вие како еден претприемач доколку ја имплементирате идејата. Колкав е износот на таа вредност? Можете ли да ја изразите во бројки или во нешто опипливо?

Идеите со најголем износ, ќе бидат најдобрите идеи за вас.

3. Постои ли начин да бидам платен повеќе од еднаш со таа идеја?

И третото прашање е за обезбедување на подобра иднина со самата идеја, а тоа е да се повторува плаќањето. Дали само еднаш некој ќе плати и ќе го користи производот засекогаш или пак повторно ќе го повтори купувањето за извесен временски период. Добро е да се обидете да ја дизајнирате идејата така што истата ќе обезбеди континуиран прилив на финансии за вашиот бизнис во подолг временски период.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*