Одложувањето на завршување на работите претставува навика и тоа лоша навика.
Како и секоја навика, така и одложувањето преку соодветна вежба може да биде елиминирано од вашиот живот, барем за важните приоритети кога станува збор за вашиот бизнис.
Има време!
Можам и утре!
Ќе бидне!
Не мора денес!
Сите овие претставуваат оправдувања со кои се лажеме себеси за да одложиме некоја работа.
Искуствено забележувам дека имаме тенденција да си поставиме многу поголеми рокови за завршување на работите отколку што навистина ни се потребни. На пример, во понеделник велиме дека до петок мора да завршиме нешто. Но, не започнуваме да работиме на тоа нешто се до четврток или пак петок наутро.
И го завршуваме до петок, но дали навистина за тоа нешто се потребни толку денови или само еден ден?
Дали сме можеле да го завршиме тоа нешто уште во понеделник?
Дали би се чувствувале порастеретено доколку го завршиме тоа нешто во понеделник?
Секоја личност се однесува различно кога одложува. Користи различни методи на одложување и различни причини за да ги померува работите за во иднина. Мора да се проучите себеси и да знаете што ќе функционира за вас, а што нема да функционира.
Подолу се дадени 15 начини кои може да ви помогнат во процесот на намалување на одложувањето.
- Едноставно започни веднаш со работата.
- Вежбајте самодисциплина.
- Користете тајмер за работно и неработно време.
- Поставете си рокови.
- Добро менаџирајте го ваето време.
- Исклучете се околу вас.
- Добро изолирајте се кога работите на важни активности во вашиот бизнис.
- Јавно искажете ја задачата која ќе ја имплементирате.
- Проучете ги последиците од завршување и незавршување на задачата.
- Споредете ги последиците од завршување и незавршување на задачата.
- Поделете ја задачата во помали активности (како еден проект).
- Обезбедете си награда за завршување.
- Осигурајте се дека имате вистинска пасија за задачата.
- Доколку немате пасија, делегирајте или елиминирајте.
- Зголемете ја самодовербата преку размислување за вашата емоционална сотојба по претходните успешно завршени задачи.




Speak Your Mind