post

Маркетинг стратегии за лин стартап

Маркетинг стартегии за стартапи не се и не треба да бидат исти со веќе посточеките бизниси.

Постоечките бизниси веќе имаат искуство со маркетингот. Веќе ги имаат купувачите и знаат што сакаат или не сакаат.

Лин стартап значи со најоптимални ресурси маркетингс стратегиите да обезбедат континуиран раст на стартапот, или барем знаење за тоа што треба да се преземе понатаму.

Па, да разгледаме што би можеле да направите за вашиот стартап.

1. Дефинирајте го добро идеалниот купувач

Се започнува од добро дефиниран купувач за вашиот нов стартап. Не е финта во она што вие ќе го направите, финтата е да го направите она што тој идеален купувач сака да види од вас дека го правите.

Добро дефиниран купувач, значи дека вашите маркетинг напори ќе бидат фокусирани онаму каде што е потребно.

2. Креирај хипотези кои ќе служат за тестирање на растот на компанијата

Маркетинг процесот е единствениот процес што за еден стартап може да генерира раст. Кои претпоставки ќе ги користите.

Можеби ќе имате нешто слично на следново:

  • Од 100 контактирани потенцијални купувачи 5 ќе се согласат за состанок
  • Од 50 состаноци 5 купувачи ќе ја направат нарачката
  • Од 100 посети до вашиот веб сајт ќе реализирате 5 продажби…
Можете да имате повеќе хипотези, важно е да ги дефинирате вашите очекувања, односно очекувањата на вашиот стартап.

3. Започнете со тестирање

Сега едноставно треба да започнете со тестирањето. Запомнете дека вашата задача е да ги тестирате хипотезите, односно да проверите дали тие претпоставки се точни или не.

На пример. започнувате со телефонски повици, започнувате со email маркетинг, започнувате со PPC реклами…

4. Мерете ги перформанстите

Овој чекор е еден од најважните чекори во однос на вашата маркетинг стратегија кога станува збор за стартапи.

На пример следниве мерки можеби ќе бидат важни за вашиот стартап:

  • Просечен трошок по кликнување
  • Просечен трошок по една нарачка
  • Просечен трошок по нов купувач
  • Животна вредност на нов купувач
  • % на луѓе кои го посетиле веб сајтот
  • % на луѓе кои го посетиле веб сајтот но не преземале никаква акција
  • % на луѓе кои го посетиле веб сајтот и преземале некоја акција но не купиле…
  • % повикани кои не се јавиле
  • % на повикани кои одговориле…
Листата не е конечна, најверојатно ќе бидат потребни 100 различни мерки заради соодветно извлекување на знаењето од нив.

5. Учете

Она што го мерите претставува одлична основа за стекнување на знаење за вашите маркетинг активности.

6. Доколку има потреба повторете го процесот

Наученото претставува основа за подобрување, а подобрувањето значи повторување на процесот.

Доколку сакате да прочитате повеќе за темава тука ќе најдете повеќе наслови за стартапи и маркетинг.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*