post

Релевантен бизнис план, наместо перфектен бизнис план

Еден бизнис план сеуште од страна на постоечките бизниси претставува основна алатка за управување на секојдневните активности на компанијата и врската помеѓу сегашната состојба и визијата на претприемачот.

Но, успехот не е едноставен како што изгледа. Зошто?

Едноставно затоа што еден бизнис план се изработува да биде перфектен, шгто пак од друга страна го одолговлекува времето на имплементацијата на истиот.

Перфекционизмот и одолговлекувањето претставуваат едни од најголемите непријатели на еден претприемач.

Затоа потребно е да се направи, доколку веќе се прави, релевантен бизнис план.

Што претставува релевантен бизнис план?

Релевантен бизнис план е:

  • План кој е создаден во согласност со вашите можности како еден претприемач и како бизнис во целина.
  • План кој е создаден согласно пазарните критериуми и целните купувачи на истиот.
  • План кој обезбедува реализација на вашата претприемачка визија.
  • План кој обезбедува реализација на вашите главни бизнис цели.
  • План кој содржи конкретни чекори за вас како претприемач и за вашиот тим.
  • План чија имплементација лесно може да се следи.
  • План кој обезбедува дека секој член на бизнисот знае што треба да направи, кога треба да направи, зошто треба да направи и кои треба да бидат резултатите од тие акции.
  • План кој лесно може да се прилагодува согласно потребите.
  • План кој обезбедува преземање на акција колку што може побрзо.

Значи не ви е потребен перфектен бизнис план со кој никогаш нема да можете да бидете задоволни, ви треба нешто што ќе обезбеди брзо започнување со имплементацијата, а потоа да се прилагодува согласно фидбекот од таа имплементација.

Вам како еден претприемач, не ви треба одолговлекување и губење на време во реализација на вашите стратешки цели. Ви треба нешто што ќе ве поттикне да го преземете првиот чекор кој води кон реализација на тие цели, чекорот кој иако можеби ќе биде мал, сепак е голем напредок за вашиот бизнис, едноставно затоа што преземате нешто, излегувате од удобноста на status quo ситуација.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*