post

Како претприемач ќе треба да одговорите на 6 важни прашања

Прашањата се важни за секој претприемач бидејќи тие се скогаш присутни околу нив. Прашањата и одговорите на тие прашања имаат потенцијал да ги подобрат вашите претприемачки вештини и имаат силен потенцијал да го подобрат вашиот бизнис.

Дали имате различни прашања кои постојано ви се врткаат во вашата глава?

Веројатно вашиот одговор е да, имате многу прашања и тоа одговарате многу прашања на дневна основа.

Но, кои се најважните прашања за вас како еден претприемач? Кои прашања мора постојано да се одговараат од ваша страна?

Да разгледаме 6 важни прашања кои можат да ја подобрат вашата продуктивност и вашиот севкупен претприемачки живот.

1. Како сакате да изгледа иднината?

Оваа е прво и едно од најважните прашања за секој претприемач без разлика за тоа од која индустрија или пазар доаѓа. Без оваа прашање, вашиот претприемачки потенцијал нема да биде на нивото на кое што треба да биде.

Претприемачите се лица кои ја менуваат иднината на нашите животи. Доколку не го прашате и одговорите оваа прашање секојдневно во вашиот живот ќе пропуштите да го знаете одговорот кој ќе ви овозможи да ја промените иднината, да го промените светот и да го подобрите животот на другите луѓе.

Тоа е вашата задача како претприемач. Не смеете да ја скокнете.

2. Како се гледате себеси и вашиот бизнис во таа иднина?

Кога веќе имате јасен поглед кон иднината лесно ќе се најдете себеси и вашиот бизнис во таа иднина како некој кој ја креира таа иднина.

Како второ прашање кое ќе треба да го одговорите е како се гледате себеси и вашиот бизнис во иднината која ја опишавте со претходното прашање.

3. На што треба да се фокусирате на дневна основа?

Бидејќи веќе знаете како ќе изгледа иднината и знаете каква ќе биде улогата на вас и вашиот бизнис во таа иднина ќе треба да откриете на што треба да се фокусирате на секојдневна основа.

Оваа е важно за вас доколку навистина сакате да ја креирате таа иднина и да бидете дел од неа.

Одговорот на оваа прашање ќе треба да ви даде неколку важни подрачја каде ќе треба да се фокусирате за да ја креирате таа иднина.

4. Како ќе стигнете од каде што сте сега до каде што сакате да бидете?

Знаете каде се наоѓате во моментов и знате каде сакате да бидете во иднина. Следното прашање е како да стигнете од онаму каде што сте сега до онаму каде што сакате да бидете во иднина.

Одговорот на оваа прашање ќе реба да ви прикаже еден јасен пат кој треба да го изодите доколку сакате да ја креирате иднината која сакате да ја креирате.

5. Што ќе користите за да стигнете таму?

Петото важно прашање е поврзано со алатките кои ќе ви требаат на патот кој ќе го одите за да го креирате онаа што сакате да креирате.

6. Можете ли да подобрите нешто утре базирајќи се на денешното искуство?

Подобрување е дел на секојдневниот живот на еден претприемач. Како претприемач собирате секојдневно искуство од вашата секојдневна работа и тоа искуство е одлична помош во подобрување на вашиот пат за да го креирате онаа што сакате да го креирате.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*