post

26 Начини твојата понуда да биде неодолива

Маркетинг пред започнување

Неодолива понуда

Твојата понуда е многу повеќе од твојот производ или услуга што е во корелација со борбата меѓу екосистеми за што пишувавме во што е она што го продаваш на твоите потрошувачи.

Неодолива понуда е нешто што тешко се одбива, нешто што обезбедува долгорочна успешност на твојот бизнис. Затоа обиди се да ги примениш овие начини кои ќе ги споменеме тука за твојата понуда да биде навистина неодолива.

Следниве 26 начини кои едноставно ќе ги подобрат вашите понуди за да станат неодоливи и да бидат дел на кој вашиот бизнис во целост ќе може да се потпре не се однесуваат само за една понуда преку еден медиум или механизам. Вие имате една понуда која уникатно се презентира преку твојот веб сајт. Од страна на продажниот тим се користи сосема поинаков приод, кој се разликува и од состаноци каде се презентира понудата.

  1. Твојата понуда нека биде составена од твоите производи или услуги + дополнителни вредности
  2. За да ја избереш вистинската понуда за твојот бизнис прашај ги твоите купувачи и инкорпорирај ги нивните желби во самата понуда
  3. Прашај ги и твоите потенцијални купувачи и инкорпорирај ги нивните желби во самата понуда
  4. Инсталирај убедливост во твојот продажен тим при презентација на понудата
  5. Секогаш инкорпорирај социјален доказ при презентирање на понудата
  6. Користи го законот на реципроцитет кој секогаш има влијание при избор на понуди
  7. Направи ја понудата транспарентна
  8. Не заборавај на прецизноста во самата содржина
  9. Обезбеди дека самата понуда не отвора дополнителни прашања во однос на вредноста и цената
  10. Цената прилагоди ја во согласност со вистинската вредност што купувачот ќе ја добие со понудата
  11. Анализирај ги вистинските потреби на купувачите и потенцијалните купувачи и осигурај се дека твојата понуда ги содржи истите
  12. Инкорпорирај повик за акција во самата понуда
  13. Доколку е можно и доколку вашата понуда е поголема обезбеди повеќе повици за акција
  14. Секогаш имај неколку верзии на понуди и тестирај ги нивните конверзии. Резултатите инкорпорирај ги во подобрување
  15. Секогаш на почетокот на вашата понуда обидете се најкратко што можете да опишете што има во таа понуда за потенцијалниот купувач
  16. Осигурајте се дека понудата едноставно ги опишува придобивките кои потенцијалниот купувач ќе ги добие, а не карактеристиките
  17. Во самата понуда инкорпорирај ги проблемите кои потенцијалните клиенти ќе ги решат со помош на твојот бизнис
  18. Објаснете како животот на потенцијалниот купувач ќе биде подобар или поедноставен.
  19. Користете приказни од постоечки купувачи за нивното задоволство од работата со вашиот бизнис
  20. Инкорпорирај ургентност во самата понуда
  21. Додај дополнителна вредност во понудата
  22. Не заборавај на уникатност. Луѓето сакаат да се чувствуваат уникатни кога ќе купат нешто.
  23. Понудата направи ја едноставна и разбирлива. Нека биде колку што може пократка. Понекогаш само секунди се доволни за донесување на одлука.
  24. Прикажи ја вредноста и тековното позиционирање на твојот бренд.
  25. Не забровај да вметнеш секаде каде што можеш препораки од задоволни купувачи.
  26. Создади механизам за репликација и распространување на твоите понуди.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*