post

27 Ресурси на информации за твоите бизнис одлуки

Твоите одлуки ќе се базираат на информации кои ги имаш во самиот процес на донесување на одлуки. Како ќе можете да донесете одлука доколку немате вистинска информација, во вистинска форма на вистинско место.

Информациите се едни од најважните ресурси за твојата компанија. Доколку во минатото зборувавме само за човечки, финансиски и материјални ресурси, денес никако не смееме да ги исклучиме информациите како еден важен ресурс за твојот бизнис. Информациите се нешто што креираат знаење за твојот бизнис, а знаење ја зголемува бизнис потенцијалната енергија.

Да зборуваме малку за можните извори на информации кои можеш да ги користиш во процесот на донесување на одлуки.

1. Ресурси лоцирани во внатрешноста на твојот бизнис

Добро почетно место за стекнување на информации е твојот бизнис. Доколку твојот бизнис собира, класифицира и складира податоци во некоја корисна форма, процесот ќе биде многу поедноставен. Како и да е, доколку твојата компанија има голема количина на податоци, од кои одреден дел се несакани или воопшто некорисни, ќе ви биде потребно доста време за да дојдете до нешто релевантно.

Многу пати корисни информации може да се стекнат од колегите, но ова се базира на постоење на добра колегијална соработка. На различни хиерархиски нивоа, постојат различни податоци. Мора да имплементираш систематски приод за собирање, класифицирање и складирање на корисни податоци во твојот бизнис.

  1. Внатрешни статистики
  2. IT сектор
  3. Финансиски сектор
  4. Продажба
  5. Колеги
  6. Истражувања
  7. Бизнис библиотека
  8. Истражување на пазарот
  9. Внатрешни формални комуникациски алатки
  10. Внатрешни неформални комуникациски алатки
  11. Белешки од состаноците

2. Ресурси лоцирани надвор од твојот бизнис

Твојот бизнис не е сам во галаксијата наречена пазар. Многу различни ентитети постојат и ќе постојат кои можат да влијаат на твоите бизнис одлуки. Затоа не можеш да ги базираш твоите бизнис одлуки само на внатрешните извори на информации.

Корисни идеи, вредни податоци и придонеси може да пристигнат од надворешноста на твојот бизнис. Постојат многу експерти. многу индивидуални извори и интернетот кои може да бидат корисни за твојот бизнис.

  1. Семејство
  2. Пријатели
  3. Контакти
  4. Конкуренти
  5. Stakeholders
  6. Настани
  7. Публикации
  8. Пресови
  9. Консултанти
  10. Надворешни истражувања
  11. Универзитети
  12. Медиуми
  13. Интернет
  14. Социјални медиуми
  15. Истражувачки публикации
  16. Вести од индустријата.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*