post

4 ВИДА НА ЛУЃЕ СОГЛАСНО БОГАТ И СИРОМАШЕН ТАТКО – ROBERT KIYOSAKI

Robert Kiyosaki е познат по неговиот серијал од книги за приказна за богат и сиромашен татко. Тоа се приказни за двајца татковци кои имаат сосема различни вредности и различни совети за своите деца. Овие книги се продадени во милионски примероци низ светот. Јас имав прилика да прочитам неколку од нив.

Последната книга која сеуште не е објавена има сосема уникатен начин на издавање. Таа во завршна фаза Robert Kiyosaki ја постави на веб страната на интернет да може да се симне од повеќе луѓе бесплатно и да дадат свои предлози и искуства кои би влегле во конечното издание.

Ова е видео кое го добив по препорака преку Twitter и сакам да го поделам со сите посетители на претприемач. Јас се најдов во него и го повлеков првиот чекор во трансформација на вредностите од сиромашен татко кон вредностите на богатиот татко.

Неколку работи би ги потенцирал:

  • Има 4 типа на луѓе:
    • Вработени – работници, шефови, началници, директори.
    • Самовработени – сопственици на мал бизнис кои самите работат се и сешто.
    • Бизнисмени – сопственици на поголеми бизниси за кои работат други вработени.
    • Инвеститори – Луѓе кои инвестираат.

Советите на сиромашниот татко се:

Учи, работи напорно за некоја владина институција, за некоја друга фирма, напредувај низ хиерархијата и ќе бидеш успешен.

Советите на богатиот татко се:

Немој да работиш напорно, нека работат твоите вработени за тебе. Зошто да работиш и да се убиваш од работа кога тоа не е твое и можат да те отпуштат било кога сакаат без разлика дали си вреден или не.

Како е кај нас?

Учи за да се вработиш во некоја државна институција. Ако може Царинска управа или пак Управа за јавни приходи би било одлично. Ќе напредуваш како напредуваат политичките партии. Ќе бидеш успешен низ хиарархијата со париска книшка. А на крајот сепак ќе бидеш отпуштен зошто ќе се смени политичката гарнитура на власт.

Дали Robert Kiyosaki кажува нешто неточно во видеото погледајте сами. Видеото е само 10 минути но вредноста на информациите во него е непроценлива. Но, навистина треба да ги смениме вредностите во општеството. Затоа другите земји се поуспешни од нас.

Благодарам Robert за прекрасниот материјал.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Анонимен says

    Многу точно… Баш ми е мило што ја изнесовте и оваа тема – се е до т.н. „mind-set“.

    • admin says

      Се извинувам за доцнење при одобрување на коментарот, но написот е објавен без мене бидејќи бев на одмор WP си го стори своето. Навистина, потребно е да се појави еден сосема нов тек на развој на еден човек. Кога јас бев мал ми велеа учи и ќе работиш. Но работите се променија. Сигурноста на работните места никаде веќе не е загарантирана па ни дури во државните служби. Јас излегов од една и знам како е.
      Тој нов развој треба да започне со поинакво воспитување на нашите деца. Мислам дека сите оние кои фативме еден период на детството во претходниот систем бевме воспитувани да бидеме администратори, чиновници па можеби еден ден успешни директори (но, пред се за оваа се потребни други услови). Но не бевме воспитувани за претприемачи, иноватори, како некои кои ќе преземаме ризик и како некои кои ќе обезбедат подобар живот за поколенија после себе.
      Да се размислува со сопствена глава а не нечија друга.

Speak Your Mind

*