post

5 Чекори до стартап идеја

Идеите се најлесниот дел од секој претприемачки процес. Туе се тука, насекаде околу нас.

Но, многу поважно прашање е дали тие се вредни за започнување на бизнис.

Прашањето е уште потешко, особено поради фактот што претприемачите не се тие кои ги евалуираат идеите, туку пазарот, поточно купувачите се оние кои ја вршат таа работа. Доколку поминат, ќе бидат прифатени како производи и услуги.

Да разгледаме еден процес за наоѓање и евалуација на стартап бизнис идеи.

1. Познавај се себеси

Секоја бизнис идеја, особено стартап идеја треба да дојде од тебе како сегашен или иден претприемач. Ќе треба да градиш на неа, да менаџираш на неа, да работиш на повеќе различни задачи доколку сакаш твојата идеја да биде колку што може поблиску до пазарот, но исто така и да не постојат сомневања за твојот потенцијал да ја завршиш работата до крај.

  • Какво е твоето знаење?
  • Какви се твоите вештини?
  • Какво е твоето искуство?
  • Што е она што други кажуваат за твоето знање, вештини и искуство?
  • Што е она што сакате да го работите?

2. Поглед во иднината

Доколку се познаваш себеси, можностите, потенцијалот, вештините и искуството, брзо ќе можеш да започнеш да гледаш во иднината да најдеш нешто што е дел од твојот интерес и на твоите потенцијални купувачи.

  • Што би сакал да имаш во иднина базирано на твоето знаење, вештини и искуство?
  • Како животот на потенцијалниот купувач може да се подобри врз основа на твоето знаење, вештини и искуство?
  • Какви ќе бидат идните трендови на пазарот или индустријата базирано на твоето знаење, вештини и искуство?

3. Биди блиску до пазарот

Во овој трет чекор, вашата задача е да започнете да се приближувате до купувачите и постепено да градите навика на слушање. Мора да учите директно од пазарот, од вашите потенцијални купувачи.

  • Што е онаа што тие го сакаат?
  • Како го решаваат нивниот тековен проблем, а кој вие сакате да го решите за нив?
  • Како можете да разговарате со нив?
  • Што можете да им ветите?
  • Како можете да им помогнете?
  • Како можете да им ги подобрите нивните животи?

4. Започни со нешто, пото прилагодувај

Сега, бидејќи веќе имате доволно информации за вас, за иднината и вашите потенцијални купувачи, ќе можете да започнете со градење на нешто, нешто што може да биде тестирано, не од вашата страна, туку директно од купувачите.

  • Што е онаа нешто што бргу можете да го изградите и понудите на вашите купувачи базирано на веќе собраните информации од претходните чекори?
  • Како можете да им го понудите?
  • Како тие можат да го пробаат?
  • Какви се повратните информации од купувачите?
  • Што е онаа што ќе треба да го подобрите во вашата следна верзија на производот/услугата?

5. Изгради

Бидејќи досега вашиот производ е веќе обликуван, ќе можете да започнете со финалната верзија на истиот.

Но, не завршувате тука. Вашиот производ не е финален во вистинска смисла на зборот, бидејќи ќе треба да продолжите со подобрувањата.

  • Која е вистинската верзија на вашиот производ?
  • Како го испорачувате вашиот производ на вашите купувачи?
  • Кои се вашите најважни партнери?
  • Како комуницирате со вашите купувачи?
  • Што е со вашите најважни ресурси?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*