post

5 Митови за претприемништвото кои не се точни

За претприемништвото многу се пишува, многу се зборува, многу се проучува…

Сето тоа доведува до дузина различни мислења, теории и тврдења.

Но, проблемот е што претприемништвото сеуште како една научна дисциплина нема воспоставено цврста рамка за тоа што е лошо а што добро, што дава резултати, а што не дава резултати, што е потребно за успех, а што не е потребно за успех…

Причината за ваквата состојба е фактот што секој бизнис е различен, секој пазар е различен и секоја индустрија е различна. Но, и секој бизнис, пазар и индустрија се подлежни на крупни промени како што поминува времето. Затоа и многуте детални анализи и проучувања додека да се завршат, дел од нив стануваат невалидни заради променетите услови на стопанисување на еден бизнис.

Кои се оние митови кои што ги знаеме, а кои сепак не се точни?

1. Доволна е добра бизнис идеја и успехот ќе следува

Бизнис идејата е само почеток, но не и гаранција за успех. Многу добри бизнис идеи воопшто не се преточени во успешен бизнис или успешен процес на претприемништвото.

Една бизнис идеја мора да биде во согласност со потребите и проблемите на пазарот, но и да биде имплементирана.

2. Сите претприемачи се богати луѓе

Ако некој е претприемач не значи по автоматизам дека е богат човек. Пред сопствено богатење постојат многу чекори кои треба да се изодат, многу процеси кои ќе треба да се имплементираат и многу елементи во кои ќе треба да се инвестира.

3. Претприемачот е сам свој газда

Иако изгледа така, сепак реалноста е сосема друга, дури понекогаш и многу полоша. Од еден газда или еден шеф, претприемачот добива повеќе газди и шефови. Тоа се повеќе луѓе кои на ваков или онаков начин наредуваат, бараат, притискаат…

Купувачите, снабдувачите и државата се само дел од новите можни газди за еден претприемач.

4. Потребни се многу финансиски средства за претприемништвото

Некако кога се зборува за претприемништвото прво што му паѓа на ум на секој човек е дека се потребни многу пари за започнување, растење и развој на бизнисот.

Во некои случаи за одредени бизнис идеи тоа е точно, но сепак постојат многу можности за започнување на бизнис и без огромни вложувања на пари.

5. Претприемништвото е нешто вродено кај претприемачот

Дали претприемачот се раѓа или развива? Прашање кое доста актуелно.

Практиката покажува дека сепак доколку потенцијалниот претприемач се насочи во соодветна насока на личен развој ќе успее во своите намери да стане успешен претприемач.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Blagoj says:

    Dragan, slucajno go vidov tekstot i ne mozev a da ne ti iskomentiram.
    Dali ovie 5 mitovi sam si gi izmislivte ??? “многу се пишува, многу се зборува, многу се проучува” mozhesh da kazhesh kade toa taka se pishuva, zboruva ili prouchuva pretmriemashtvoto ???

    • Благој, тие се резултат на над 10 години истражувачка и практична работа, односно над 500 книги купени (со цена од 10-150 долари) и проучени во тој период, работа со над 100 претприемачи во и надвор од Македонија.

      Инаку листата не е и никогаш не може да биде конечна, денес би додал уште. Утре уште повеќе.

      Дел од референтна листа може да видиш во мојата книга Иновации и претприемништво, дел имам објавено на овој линк (http://www.entrepreneurshipinabox.com/4039/28-factors-that-causes-resistance-to-change-reference-list/), дел во статии во научно-истражувачки списанија, дел сеуште некомплетната листа на книги на мојот профил на LinkedIn… Дел во неколку илјади белешки во мојот Evernote бележник, дел (или поточно околу 200 литературни извори) во работата на мојата докторска дисертација….

      • Blagoj says:

        Gore navedenite 5 tvrdenja(ako moze taka da gi narecham), da definitvno se ne tochni. No za da bidat mitovi treba golem broj pretpriemachi da veruvat vo niv, ne ? No jas lichno ne srekavam pretpriemachi koj veruvaat vo vakvi i slichni tvrdenja ili mislenja…

        • Не би сакал да наведувам докази, бидејќи ниту имам доволен простор ниту време во моментов. Во секој случај, не само што се верува туку и учи, и пропагира, и насочува…

          И не само тоа, не мора да биде претприемач за да верува во нешто за претприемништво туку може да биде и потенцијален претприемач кој никогаш не станува претприемач заради верување во некој од тврдењата во горната листа.

          • Blagoj says:

            Fala na odgovorot i vremeto.
            Znachi sepak se soglasuvame deka se tvrdenja a ne mitovi.
            “заради верување во некој од тврдењата во горната листа”

Speak Your Mind

*