post

5 Начини да продавате повеќе на постоечки купувачи

Генерација X и генерација Y

Генерација X и генерација Y

Потребата од нови купувачи е секогаш приоритет број еден на секој бизнис. Но, дали потенцијалот на постоечките потрошувачи е искористен максимално?

Постоечките потрошувачи веќе имаат изградено одредено ниво на доверба кон вашиот бизнис и продажбата е многу полесна за остварување на постоечките потрошувачи отколку на некој кој досега немал никаков контакт со вашиот бизнис. Од друга страна стекнување на нови потрошувачи вообичаено е 5-10 пати поскапо отколку задржување на постоечките.

Затоа една од задачите на претприемачите е да потроши одреден дел од сопствената енергија на стекнување н нови потрошувачи што едноставно се трансферира во раст на бизнисот, додека во исто време да троши енергија и на развој на креативни начини за поголема продажба на тековни потрошувачи.

Следуваат некои идеи на техники кои можете да ги искористите во овој процес.

1. Преразгледај го твојот бизнис модел

Целта на преразгледување на бизнис моделот е да побарате можности да во одредени делови го промените од бизнис модел со трансакционален однос со потрошувачи (доаѓа, купува и веќе никогаш ниту слуша ниту има некаква релација со бизнисот) во бизнис модел со долгорочни односи (доаѓа, купува, доаѓа, купува, контакт, доаѓа…). Затоа и секогаш кога работиме со клиенти на одредени проекти за нивен бизнис без разлика за каков вид на проект станува збор започнуваме со дефинирање и редефинирање на бизнис моделот.

На ваков начин може да дојдеш и до:

  • Можности за откривање на нови текови на приходи независни од тековните. Честопати без да навлеземе во деталите на бизнис моделот со целосното негово опкружување нема да можеме да ги видиме можностите кои ни ги нуди пазарот.
  • Можности за воведување на комплементарни производи (производи кои вообичаено одат еден со друг при купување (на пример, храна и пијалак) кои едноставно ќе ја зголемат продажбата кај потенцијалните купувачи.

2. Одржувај контакти со колку што можеш повеќе купувачи

Иако не е лесно, од прва, односно при првото купување да бараш купувачот да ти остави контакт детали, сепак постојат многу креативни начини да ги добиеш. Ако ништо друго, секој кој го повтори купување веќе има некоја доверба во твојот бизнис и веќе е време за подлабоки односи. Email, телефон, писмо, социјален медиум… Сето тоа се средства кои можат да ви обезбедат лесна комуниакција со купувачите.

Сепак едно нешто е важно: Не продавајте, едноставно контактирајте на еден начин кој не предизвикува чувство на притисок.

3. Имплементирај систем на очекуван Upsale

Ова претставува продажна техника каде продавачот му нуди на купувачот дополнителни производи како би извршил поголема продажба од тој еден купувач. Оваа техника се користи за да се извлече максимумот од секоја продажба. Се изведува со поставување на прашање како: Дали сакате да го направиме Вашиот сендвич турбо?; Купете го и овој производ за да добиете една година бесплатна техничка подршка?

Но, сепак овој upsale треба да биде нешто очекувано. На пример, доколку некој веќе купува турбо сендви не очекува дека ќе му понудите уште еден, туку очекува дека ќе му понудите пијалак кој оди со сендвичот.

4. Користи промоции за тековни купувачи

Промоции за тековни купувачи спроведени во време кога продажбата е на пониско ниво може да биде навистина корисна стратегија. Секој бизнис има периоди во годината, месеците или пак денови кога побарувачката за тие производи и/или услуги не на она ниво на кое треба да биде. Но, еден контакт со тековните потрошувачи во кој ќе се понуди промотивна понуда може да доведе до зголемување на продажбата во тој период.

5. Не заборавај да презентираш се што нудиш

Иако живееме во време каде сите се во брзање, сепак обид да покажете дека нудите и нешто повеќе од она за што се однесува тековната трансакција претставува одлична можност за зголемување на продажбата.

 

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. vasko says:

    mnogu korisni soveti

Speak Your Mind

*