post

5 Начини да се уништи маркетинг план

На претприемач постои пишан текст што треба да содржи добар маркетинг план. Добар маркетинг план треба да биде водилка за успешна работа на вашиот бизнис.

biznis-plan-pretpriemac

Bred Sugar колумнист и писател на 14 книги од областа на бизнисот напоменува 5 работи кои треба да се избегнуваат при подготовка на маркетинг план (извор: entrepreneur.com):

  1. План со недоволни специфичности.
  2. Не користење на бројки.
  3. Премногу потпирање на креативноста
  4. Размислување дека маркетинг е само реклама.
  5. Заборавање на постоечки потрошувачи во планот.

Ова се навистина интересни и важни елементи не само за маркетинг планот туку и за функционирање на бизнисот воопшто.

Првите две работи кои треба да се избегнуваат се поврзани една со друга. Значи маркетинг планот треба да користи специфични зборови и бројки а не генерални зборови кои не можат да бидат мерливи, а ниту пак и јасни за претприемачот и оние кои ќе треба да го имплементираат, односно спроведуваат.

Креативноста е ОК но, планот не смее да се базира само на креативноста, туку и на истражувања и анализи.

Четвртата работа нема потреба да се коментира, за неа доволно пишувавме на претприемач.

И секако последната работа и една од позначајните е да не се заборават постоечките купувачи. И навистина, често пати може да се забележи како маркетинг планот целосно да се посветува на стекнување на нови купувачи и обезбедување на раст на постоечката база на купувачи. Сепак, овој пристап е многу погрешен, поради тоа што се забораваат постоечките купувачи, кои имаат и може да продолжат да имаат најголемо влијание на резултатите на бизнисите. Затоа, вашиот маркетинг план освен што ќе бара начини за генерирање, односно стекнување на нови купувачи или потенцијални купувачи мора да се насочи и на задржување на постоечките купувачи.

Едно нешто е важно кога станува збор за маркетинг план, а тоа е истото што се однесува и за бизнис план: најдобар маркетинг план е оној кој се имплементира.

Доколку сакате да го прочитате нашиот водич за изработка на маркетинг план, регистрирајте се за Free Silver членство на премиум претприемач.

Оставете коментар за Вашето мислење во однос на овие прашања.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*