post

5 Системи кои треба да започнете да ги градите уште денес

Системи и систематизација се едни од најкористените зборови во бизнис светот.

Секој бизнис започнува како мал или поточно микро бизнис каде еден човек (или во одредени случаи двајца или неколку партнери) кои себеси се нарекуваат како претприемачи одлучуваат да го променат светот во кој што живеат помагајќи им на останатите луѓе (купувачи) да ги решат сопствените проблеми. Во еден таков случај тој човек е се. Од менаџер до кафекуварка, чистачка, секретарка…

Но, долго со таква работа не може да се преживее или едноставно само ќе се преживува. Визијата за промена на светот ќе ја снема, инспирацијата се повеќе ќе се намалува, а заморот ќе почне да си ги зема првите жртви.

За да успее бизнисот, тој треба да почне да се гради на силни темели. Тие темели имаат потпорни столбови кои уште повеќе го зајакнуваат темелот и се она што ќе се гради на нив. Тие потпорни столбови се петте системи за кои ќе зборуваме денес.

  1. Маркетинг системи. Еден од поважните системи можеби и пред да ја имате произведено вредноста преку производот или услугата е да го откриете, спознаете и да му се доближите на потенцијалниот купувач. Прашањата на кои овој систем ќе треба да одговори се:
    • Како ќе генерирате интерес за вашите производи или услуги?
    • Како ќе генерирате сообраќај (онлајн или офлајн) за да тие потенцијални купувачи стигнат до вашите производи или услуги?
    • Како ќе ги генерирате тие потенцијални купувачи да бидат уште повеќе?
  2. Системи за продажба. Следниот систем на ој ќе се потпре вашиот бизнис е продажниот систем. Откако маркетинг системот ќе си ја заврши својата работа продажниот систем мора да ја преземе и доврши работата со генерирање на успешна продажба. Следниве прашања обидете се да ги одговорите:
    • Како ги генерирате продажните контакти?
    • Како го влечете потенцијалниот купувач низ продажниот процес?
    • Како изгледа продажниот процес?
    • Како ќе го следите однесувањето на купувачот низ продажниот процес?
    • Како ја затворате продажбата?
    • Како обезбедувате повторно купување од истиот купувач?
  3. Производство на производ или услуга. Следниот важен систем, без разлика за кој вид на бизнис станува збор е системот производство чија цел е да ја произведе вредноста (понудата) дефинирана преку првиот систем (маркетингот).
  4. Финансии. Колку и да изгледаат занемарувачки или неважни во однос на претходните сепак слободно може да се каже дека овој систем е нешто што ќе треба да обезбеди нормално функционирање на претходните три системи. Овој систем мора да обезбеди ефикасно следење, предвидување и менаџирање на готовинскиот тек, но и на финансирањето на останатите операции во бизнисот.
  5. Услужен систем. Можеби сметате дека доколку сте производствен бизнис не ви треба ваков систем, носепак се лажете. Секој бизнис има потреба од услужна компонента која едносатвно ќе опфаќа обезбедување на испораката на она што го имате ветено со највисок можен квалитет и најконзистентно.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*