post

5 Видови на компании во однос на меѓународен настап

Компании во меѓународни услови Сметаме дека во современата економија егзистираат пет видови на компании: домашни, меѓународни, мултинационални, глобални и транснационални.

  • Домашни компании се компании базирани во домашна економија со домашна стратегија и етноцентрична ориентација.
  • Меѓународни компании се насочени на меѓународниот пазар при што моделот им е координирана федерација и имаат етноцентрична ориентација. Основната цел им е да го прошират пазарот на кој учествуваат.
  • Мулти-национална компанија претставува еден вид на мулти домашни компании со модел на децентрализирана федерација и полицентрична ориентација. Насочена е кон повеќе национални пазари.
  • Глобални компании имаат глобална стратегија со една домашна централа и мешана ореинтација.
  • Транс-национални компании се глобални компании со модел на интегрирана мрежа и геоцентрична ориентација.

Домашната компанија работи во домашни услови со домашни вработени, постои можност и тука да биде вработен некој експерт или емигрант од странство, но тоа е главно незначителна бројка. Преку домашните компании се настојува да се намалат ценовните удари, следени со покачување на цените на клучните енергенси (нафта, гас, јаглен), кои можат негативно или разурнувачки да влијаат на стопанството на една држава. Силната конкуренција на домашниот пазар, може да биде дополнителен имунолошки систем на компанијата во меѓународната борба.

Со понатамошниот развој, компанијата добива меѓународен карактер. Оваа компанија има способности да користи ресурси во матичната земја, за да обезбеди експанзија на меѓународниот пазар. На деловните единици во странство им се дава одредена слобода во одлучувањето. Стратегииската цел на овие компании е да го прошират пазарот со истиот или делумно изменет производ или услуга.

Со понатамошниот развој се создава мултинационална компанија, која покажува способност за задоволување на пазарните потреби во различни држави. Степенот на децентрализација е голем.

Глобалните компании се карактеризираат со глобално производство. Стратегијата е глобална и секој пазар се анализира како сопствен.

Врв во искористувањето на глобалните економски придобивки, претставуваат транснационалните компании (ТНК). Тие во своето работење користат најдобра технологија, најдобри истражувачки центри, најдобри човечки потенцијали, најевтини суровини и енергенси, при што пласират квалитетни и евтини производи, услуги или капитал на секој светски пазар, остварувајки при тоа голем профит.

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*