post

6 фази на претприемништво

На почетокот на оваа година GEM (Global Entrepreneurship Monitor) го објави извештајот за 2012 година за состојбата во однос на претприемништвото низ светот. (Напомена: што значи да излегуваат извештаи веднаш по завршување на годината).

Конечно овој викенд имав прилика да го разгледам малку во однос на новите откритија од оваа глобално истражување.

Онаа што на прва ми остави силен впечаток е шесте фази на претприемништво согласно GEM. На скицата подолу се претставени тие фази.

Фази на претприемништво

  1. Потенцијални претприемачи. Овие “претприемачи” се оние лица кои имаат идентификувано можност, свесни се за сопствените капацитети и веруваат дека можат да успеат, но сепак не се нафаќаат сеуште на тој чекор заради страв да не успеат.
  2. Оние кои имаат намера да започнат бизнис. Следната фаза се кога лицето доаѓа во позиција да има намера да започне бизнис. Значи тоа се лушето кои идентификувале можност, имаат способности и планираат да започнат сопствен бизнис.
  3. Оние кои само што започнале бизнис. Во оваа фаза доаѓаат претприемачи кои започнале нов бизнис, односно преминале од фазата на намера во фаза на започнување, но бизнисот го имаат помалку од три месеци.
  4. Нови сопственици на бизниси. Фазата на нови сопственици на бизнис се оние лица кои започнале бизнис, го поминале периодот од три месеци, но сеуште не го поминале периодот во управување и одржување на бизнисот од три и пол години.
  5. Оние кои веќе поседуваат сопствен бизнис неколку години Петата фаза се однесува на оние претприемачи кои поседуваат и успешно го управуваат и одржуваат во живот нивниот бизнис повеќе од три и пол години.
  6. Оние кои прекинале со бизнисот. Последната фаза е фазата на прекинување и се однесува на оние претприемачи кои заради било која причина се откажале од нивниот бизнис откако го започнале што значи во оваа фаза може директно да се дојде од само што започнале и од нови сопственици на бизниси, но и од веќе основани и востановени компании на пазарот. Но, процесот не застанува тука, и оние кои се откажале заради некоја причина повторно можат да започнат нов процес. Тоа се т.н. сериски претприемачи.

Гледајќи го процесов и секако имајќи ги во предвид размислувам за потребните витамини во вид на знаење, вештини, искуство во соодветната фаза на претприемништвото. Иако, како што е наведено во извештајот на движењето низ фазите во голем дел влијае и земјата во која се започнува овој процес, сепак сметам дека може добро да се дефинираат тие “витамини” кои:

  • ќе го зголемат процентот на потенцијални претприемачи кои одат во фазата на претприемачи со намери,
  • ќе го намалат процентот на откажувања во раните фази на стартапот – самошто започнати и нови бизниси со што ќе се зголеми процентот на претприемачи со основан или востановен бизнис на пазарот,
  • ќе го намали процентот на откажување на претприемачи со основан или востановен бизнис на пазарот,
  • ќе го зголеми процентот на оние кои се откажале и кои започнуваат нов бизнис по откажувањето од едниот, односно зголемување на бројот на сериски претприемачи.

Добра тема за размислување во секој случај. Ќе посветам внимание на оваа во блиска иднина.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*