post

6 Основи на успешно претприемништво

Размислувајќи за основите на успешно претприемништво направив една листа кои можеби претставуваат еден вид на принципи на кои се базира претприемништвото.

Сакаме да постигнеме успех во развој на претприемачи, претприемништвото како процес, како наука, како практика… Можеби направивме многу во последниве години, но сепак…

Зошто и треба ли ни тоа сепак на крај…

Да, ни треба иако можеби некој од вас нема да се сложи. Мораме да менуваме многу навики, практики, теории… Зошто? Затоа што доколку го гледам претприемништвото од еден научен аспект, слободно може да кажам дека претставува една од најсложените научни дисциплини затоа што се менува многу бргу, а претставува еден микс или коктел на сите останати науки во една.

Но, ајде да поминеме на една листа на основи на претприемништвото која претставува еден дел од лкистата која ја направив пред извесен период.

1. Претприемништвото се тренира

Доколку во минатото се полемизираше дали претприемништвото може да се изучува, денес нема потреба за такво нешто затоа што станува се поочигледно дека и за најкреативните луѓе знаењето од претприемништво е важно за зголемување на веројатноста за успех на бизнисот.

2. Претприемништвото значи испорака на вредност

Вие како претприемач, кој креира сопствен процес на претприемништвото имате вредност само доколку испорачаната вредност од вашиот систем ги прави примателите на вредноста среќни и задоволни.

Дали оваа не е точно? Што мислите? Не мора да одговарате, доволно е само да ја препрочитате горната реченица неколку пати и да подразмислите за вредноста што вие ја испорачувате.

3. Претприемништвото се базира на визија на претприемачот

Се започнува од вашата визија како еден претприемач. Од визијата се препознава дестинацијата. Од дестинацијата се препознаваат целите. Целите ги дефинираат проектите и активностите.

Пред неколку години напишав една мала книга насловена како “Претприемач центарот на се во бизнисот”. Мислам дека така се викаше, а објавена е во некои сегменти на премиум претприемач, дел мислам дека излезе преку билтените на претприемач, а дел објавив во вид на постови… Сето тоа имаше за цел да го прикаже претприемачкиот процес како нешто што започнува од самиот претприемач, а не од било што други.

4. Грешките и падови се составен дел на секој претприемачки процес

Секој претприемачки процес е составен од грешки и падови. Не постои перфекционизам, сигурна успешност или извесност.

Доколку пак нема грешки и падови, можеби треба да се запрашате дали е се ов ред.

5. Претприемништвото претпоставува дека претприемачот го сака она што го прави

Да се биде претприемач, значи да се сака она што се работи. Тешко е враќање назад. Добро размислете дали навистина сакате да го правите тоа.

6. Претприемништвото е континуиран процес

Точно, тоа повеќепати го имам пишувано тука. Во книгата Иновации и претприемништво (патем електронската верзија е 100 денари) тој процес го презентиравме во вид на часовник, кој никогаш не застанува.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*