post

6 Важни прашања за вашите цели

Целата ваша претприемачка кариера ќе се базира на поставување на цели и работење на нивната реализација. Доколку ги постигнете, тоа ќе значи успех за вас.

Поради важноста на вашите цели, станува јасно дека успехот на вашиот бизнис во голем дел ќе се базира на поставување на цели. Доколку ги имате вистинските цели за вашиот бизнис и ги реализирате истите тогаш и вашиот бизнис ќе успее.

Но, доколку имате погрешни цели кои лесно ќе ги постигнете тоа нема да ви гарантира дека вашиот бизнис ќе успее.

Тука сакам да претставам 6 прашања кои ќе ви помогнат во процесот на поставување на вистински цели на вашиот бизнис.

1. Што претставуваат вистински цели за вас?

Започнете со одговарање на прашањето за значењето на вистинските цели за вас и вашиот бизнис. Оваа е важна стартна точка кога сакате да поставите навистина важни цели за вашиот бизнис.

Дали нешто вистинско е поголема профитабилност на вашиот бизнис? Дали е вистинската цел да се заврши некој проект?

Таквите прашања и нивните одговори ќе ве водат низ процесот да погледнете во повеќе можни цели од различни перспективи едноставно затоа што вие сакате да ги пронајдете но и да разберете што значи вистинска цел.

2. Зошто оваа цел е важна за вас?

Понатаму, кога веќе знаете што е важно за вас и вашиот бизнис во термин на ваши цели, едноставно можете да се запрашате за важноста на секоја од целите.

Веројатно веќе ќе имате повеќе цели кои сакате да ги постигнете, но некои од нив се поважни од останатите. За секоја цел јасно дефинирајте ја важноста за вас.

3. Доколку ги постигнете, што ќе добиете?

Целта на поставување на цели е тие да се постигнат, односно реализираат. Но, поставување на цели има друга цел и тоа е нешто што ќе го добиете од тој процес на постигнување.

Сега, кога веќе знаете кои се вистинските цели за вас и знатее зошто секоја од целите е важна за вас, започнете со размислување што ќе добиете кога ќе ја постигнете специфичната цел.

4. Што ќе се случи доколку не ги постигнете?

Една работа е што ќе добиете доколку ги постигнете целите, но сосема друга работа е што ќе изгубите доколку не постигнете некоја од целите.

Претприемачкиот живот како што веќе знаете не е предвидлив живот. Затоа е важно да размислите за ситуациите во кои ќе се најдете доколку не постигнете некоја од поставените цели што може да случи.

Оваа прашање ќе ви помогне да видите што ќе изгубите доколку не постигнете некоја од целите и од друга страна ќе бидете свесни дека мора да бидете повеќе посветен за постигнување на тие цели доколку не сте спремни да ги претпите загубите поради непостигнувањето.

5. Дали треба да се откажете од нешто за да ги постигнете целите?

Често пати постигнување на цели ќе бара од вас да се откажете од нешто постоечко.

На пример, доколку сакате да се фокусирате на најважниот проект за да постигнете некоја од поважните цели ќе треба да запрете со некои од тековните проекти кои не се толку важни за авс.

Кога го одговарате оваа прашање едноставно за секоја ваша цел нправете листа со сите можни откажувања кои ќе треба да ги направите.

6. Доколку ги ставите откажувањата и придобивките на една вага што ќе биде потешко?

Сега, кога знаете што ќе добиете и што ќе изгубите (мора да се откажете) едноставно започнете со нивната анализа.

Одговорот ќе ви даде јасна ситуација за тоа дали ќе треба да се фокусирате на целите кои ги поставувате. Доколку вашите новокреирани цели може ви донесат повеќе придобивки отколку загуби тогаш се наоѓате на вистинскиот пат.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*