post

7 Причини зошто бизнис идеи се бесплатни

Бизнис идеите претставуваат почеток на претприемачкиот процес, што ќе видите и од утрешната епизода на “претприемачки пат”.

7 причини зошто бизнис идеите се бесплатни

Сепак, да се има бизнис идеја не значи дека се има бизнис или пак потенцијален бизнис.

Сите имаме идеи. Сите имаат идеи. Во изминатите десетина години имам добиено стотици пораки и имам разговарано со стотици претприемачи кои се полни со идеи и едноставно низ шепот ми кажуваат за што станува збор. Или пак кога станува збор за пораки бараат никому да не кажам или пак ми кажуваат дека стравуваат да излезат со бизнис идејата во јавноста поради страв дека некој ќе им ја зеде, “украде”.

Тогаш зошто служи идејата? Само за вас? Само за вашето семејство? Планирате ли нешто да направите воопшто со неа? Доколку не планирате, можеби е во ред да ја криете и да ја чувате само за себеси. Но, доколку планирате да ги претворите бизнис идеите во бизнис, во нешто опипливо, тогаш како можете да очекувате тие да останат скриени само за вас. Едноставно имплементацијата бара комуникација.

Едно нешто е важно да запомните, а тоа е дека бизнис идеите се бесплатни, па и безвредни доколку не се имплементираат. Зошто? Еве 10 причини:

  1. Секој има бизнис идеи. Точно, секој има некаква бизнис идеја и тоа не една, туку можеби стотици бизнис идеи. Што вие сте посебен во однос на останатите луѓе шѕо живеат на оваа планета. Едноставно, креативноста е вродена во секој од нас, биле свесни ние за тоа или не и без разлика колку системот се трудел и се труди да ја уништи. Размислете само на дневна основа до колку идеи доаѓате. Дали се тоа 3, 5 или 10? Помножете го тој број со милијарди луѓе, и ќе видите колку бизнис идеи се раѓаат на дневна основа глобално.
  2. Бизнис идеи не создаваат резултати. Дали сте слушнале бизнис идеја, само како бизнис идеја без имплементација да создаде некаков резултат. Сигурно не. Идноставно бизнис идејат претставува еден вид на сон кој што без да се преземат конкретни чекори за имплементација нема да може да се реализира.
  3. Бреинстормирање на бизнис идеи е најлесен процес во едно претпријатие. Едноставно се собирате во конференциска сала, или пак во вашата канцеларија и сите давате предлози и идеи. Единствено нешто што чини овој процес е вашето лично време и времето кое го вложуваат вашите соработници за самото бреинстормирање. Тоа може да биде 30 минути, еден час или пак неколку часа. Со еден бреинстормин процес можете да дојдете до стотици идеи.
  4. Не постои пазар за бизнис идеи каде што би можеле да ги продавате. Дали сте успеале некогаш да продадете бизнис идеја? Или пак, дали сте слушнале некој да продал бизнис идеја? Сигурно не? Тие не се продаваат, се продаваат производи, услуги, бизнис организации… Бизнис идеите не се продаваат и не можете да ги продадете.
  5. Имање и доаѓање до бизнис идеи воопшто не е ризично и никој нема да загуби ништо со процесот. Каква штета или лоши последици за вас како еден претприемач може да причинат бизнис идеите? Никакви. Поседување на една или стотици или пак илјадници бизнис идеи не претставува нешто ризично, па поради тоа бизнис идеите се бесплатни.
  6. Уникатноста на бизнис идеи не може да се гарантира. Имам сретнато многу претприемачи и потенцијални претприемачи кои сметаат дека нивната бизнис идеја е уникатна. Во една ситуација дури и еден потенцијален претприемач со потенцијално генијална и успешна идеја кога му кажав зошто не ја патентира истата ми рече дека во таква ситуација ќе му ја украдат идејата. Не поминаа неколку недели забележувам веќе неколку веб сервиси и апликции кои се базираат на иста или слична бизнис идеја како на тој потенцијален претприемач. Но, знаете што? Тие производи не беа негова идеја, туку нечија друга идеја, на некој таму далеку со илјадници километри од нас. Затоа никој не може да ја гарантира уникатноста на идејата, а знаете колку нешто е поуникатно, тоа нешто вреди повеќе.
  7. Бизнис идеите лесно може да се ископираат од страна на конкуренцијата. Секоја бизнис идеја може да се ископира од било кој друг. Дали мислите дека не можете да создадете нов Facebook, или пак нов Google, или пак било кој друг сервис, или производ или услуга кои се познати на пазарот. Видете само колку сендвичари има во вашиот град, па и во сите градови низ светот. Но, целиот свет знае и зборува за неколку брендови како McDonalds. Значи идеите за бизнис лесно се копираат бидејќи тие се бесплатни. Она што е тешко да се ископира, па понекогаш дури и невозможно претставуваат системите на кои се поткрепува бизнисот кој резултирал од таа бизнис идеја.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*