post

7 Работи кои треба да ги поседувате уште пред започнување

Започнување на бизнис бара повеќе елементи со бизнис потенцијална енергија кои во самата фаза на започнување, но и потоа ќе се трансформираат во елементи во кинетичка енергија.

Ништо не е лесно, особено фазата пред започнување кога ќе треба да се ситематизираат сите идеи нафрлани во мозокот, да се направи план за започнување и да се дојде до првите купувачи за да се тестираат идеите.

Што е она што ќе ви биде потребно уште пред започнување?

Одговорот на оваа прашање е во следните 7 точки кои не се конечни, но сепак едни од најважните.

1. Трпеливост

Прво нешто е трпеливоста. Мора да бидете трпеливи и свесни дека ќе имате повеќе падови пред конечниот успех. Тешко дека ќе успеете од прва, токму и тоа е карактеристика на започнување на бизниси – да се обидувате и прилагодувате се додека не успеете.

2. Знаење и вештини

Имплементација на идејата во еден успешен бизнис ќе бара и соодветно знаење и вештини без разлика дали доаѓаат од претприемачот, партнерот или внимателно избран тим со кој бизнисот ќе се стартува.

3. План за имплементација на тоа знаење и вештини

Не е доволно да бидете трпеливи и да имате акумулирано доволно знаење и вештини за започнување на бизнисот. Знаење и вештини акумулирани во вас или вашиот тим претставува потенцијална енергија, но единствено ќе се трансформира во кинетичка доколку преземете акција. Првиот чекор кон преземање на акција е да подготвите план за имплементација на знаењето и вештините кои ги имате акумулирано во потенцијалниот стартап.

4. Купувачи

И се е онака како што треба да биде, но сепак немате можност да го имплементирате планот се додека не создадете доволен број на купувачи преку кој ќе ја тестирате идејата. Сега купувачите се оние кои ќе ви кажат што ќе треба да промените или прилагодите, и воедно ќе вбризгаат дополнително знаење и вештини во вашиот стартап.

5. Онлајн присуство

Можеби сметате дека сеуште е рано, но сепак ефикасно започнување на градење на онлајн присуство уште во оваа фаза може да биде клучно за вашиот бизнис. Во понатамошните фази од градење на вашиот бизнис навистина ќе биде од голема корист.

6. Пасија за тоа што ќе работите

Сепак, кога ќе го работите тоа што ќе го работите во вашиот бизнис ќе треба да ве исполнува, да ве прави возбудени, да ве поттикнува и создава желба за успех. Тоа е пасија, која ќе ве влече низ процесот на започнувањето.

7. Повеќе пари отколку што мислите

И како седмо или последно во оваа листа се парите. Но, мора да знаете дека секогаш ќе бидат потребни повеќе одколку што сте планирале.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*