post

8 Чекори за да го избегнете “направи се сам” синдромот

Се имате ли најдено во ситуација кога едноставно сте „пренатрупани” од вашата секојдневна работа затоа што се чувствувате дека вие мора да завршите се сам? Ако оваа е точно, тогаш вие страдате од синдромот „направи се сам”.

направи се сам

Имам искуство пред пет до шест години кое навистина скоро да ме уништи, а резултатот беше паднат имунитет, премореност, обична настаинка која дотогаш ја поминував стоечки ме бутна во кревет… И се заради пренатрупаност со работата и мојата слабост да се ослонам на мојот тим. Тоа беше огромна грешка но во исто време и огромно искуство за мене.

Во овој наслов сакам да споделам некои чекори кои ги имплементирав за да ги подобрам работите за мене истовремено обезбедувајќи дека резултатите од мојот тим ќе бидат подобрени.

Секој претприемач треба да се обиде да ги имплементира следниве чекори доколку сака да избега од синдромот „направи се сам”.

  1. Започнете со една вистинска анализа на самиот себеси и секојдневните задачи кои ги изведувате. Доколку сметате дека страдате од синдромот „направи се сам”, тогаш најдобрата стартна позиција е да започнете со самоанализа. Зошто вие изведувате се што изведувате во вашиот бизнис? Можете ли да се ослоните на други луѓе и зошто можете или пак зошто не можете? Кои се вашите дневни рутини? Кој вид на задачи завршувате секојдневно? Овие прашања и многу други кои дополнително можете да ги откриете ќе ви даде една реална слика за вас во вашата организација. Целта на овој чекор за вас е да станете свесни дека вие страдате и вашата компанија исто така страда бидејќи едноставно вие се обидувате да завршите се сам. Дополнително, овој чекор ќе ви ги отвори очите да погледнете во вашата иднина како и иднината на вашата компанија со што ќе дојдете до визија која ќе ја користите во следниот чекор.
  2. Споделете ја вашата визија со сите членови на вашиот бизнис. Имање на визија која ќе служи само за вас како еден претприемач нема да ви помогне да го направите вашиот бизнис да биде еден чекор понапред од сите останати на пазарот. Ќе треба да ја споделите вашата визија со членовите на вашиот бизнис, бидејќи реализацијата на визијата не може да се базира само на вас и вашата работа. Кога ќе ја имате визијата за иднината организирајте состаноци со вашиот тим за да ја споделите визијата, плановите и за да објасните каде и како ги гледате членовите на бизнисот во иднина. На такви кратки состаноци можете да разговарате за организациските и индивидуалните одговорности и улогите на секого на патеката која води кон реализација на визијата.
  3. Побарајте помош од вашиот тим за реализација на визијата. Кога членовите на вашиот тим ќе бидат свесни за визијата која ја обликува иднината, едноставно побарајте помош за реализација на таа визија. Тие мора да бидат подготвени за нивните нови одговорности и најдобриот начин да ги подготвите е преку разговор со нив.
  4. Обврзете се да се промените себеси, но и вашиот тим. Не можете да мрднете ниту еден чекор доколку не се обврзете да ги имплементирате промените кои треба да ги имплементирате, бидејќи се започнува со вас како еден претприемач. Кога навистина ќе се обврзете да ја промените вашата улога во вашата сопствена компанија, тогаш можете да започнете со градење на обврзување на членовите на вашиот тим. Вие веќе на некој начин сте започнале да работите на овој чекор преку состаноците кои веќе ги организиравте во претходните чекори каде ја објаснивте визијата, нивните одговорности, нивните предлози за подобрување итн. Но, вашата задача во овој чекор е да поттикнете амбиција во секој член на вашиот тим за да се промени себеси.
  5. Поставете нови стандарди и јасни цели за секој член од вашиот тим. Зборување и пишување не е исто со спроведување. Состаноците и пишаните планови се само иницирање, но на крајот доколку сакате резултати ќе треба да преземате акции. Доколку навистина сакате вистински акции од сите членови на вашиот бизнис, ќе мора да поставите нови стандарди и јасни цели за секој во вашата организација.
  6. Започнете со делегирање на задачите. Можеме да зборуваме за било што, но без да започнете со делегирање на задачите кои претходно само вие сте ги изведувале, на вашите вработени не можете да очекувате дека ќе избегате од синдромот „направи се сам”. Користете ги стандардизираните форми и контролните точки за да следите дали задачата се изведува онака како што треба, прашајте дали им треба помош бидејќи сепак до сега вие сте го работеле тоа а не вашите вработени. Времето кое ќе го инвестирате во овој процес, ќе ви ослободи многу повеќе време во иднина. Затоа гледајте во овој чекор не како нешто што треба да се прави секојдневно, туку како ваша инвестиција за вашата сопствена иднина и иднината на вашиот бизнис.
  7. Користете технологија за да го подобрувате изведувањето на работата. Можете да започнете со стандардизација и форми и темплејти на хартија со чекори кои треба да се изведуваат, а подоцна кога ќе го достигнете нивото на перфекција на тој систем да се префрлите на пософистицирана технологија.
  8. Помогнете им на членовите на вашиот тим во нивните напори да ги исполнат вашите очекувања. Секогаш кога вашите вработени ќе имаат потреба од помош за да ги исполнат вашите очекувања, едноставно помогнете им. Тоа е ваша одговорност. Како што веќе претходно кажав, ова е инвестиција на ваше време во градење на иднина за вас и вашиот бизнис.

Како што можевте да забележите, процесот не е нешто многу комплициран, но резултатите од имплементацијата може да бидат навистина огромни за вас како еден претприемач. Мора да запомните дека овој процес е ваша сопствена инвестиција за да ја подобрите вашата сопствена работа и работата на вашите вработени. Доколку успеете во овие намери, вашиот бизнис ќе биде на вистинскиот пат да го оствари онаа што вие сакате да го оствари.

Прашање: Која е најголемата причина за вашето страдање од синдромот „направи сам”? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*