post

Зошто е Важно 80/20 Правило?

80/20 Правило

80/20 Правило - Пат кон вистински успех

Повеќепати досега го потенцирав 80/20 правило како едно правило кое е присутно насекаде не само во бизнис светот. Еден претприемач и неговиот бизнис се наоѓа во едно динаично опкружување кое е се повеќе и повеќе подинамично. Границите помеѓу еден бизнис кои до вчера можеа прецизно да се определат денеска се скоро невидливи. Така да денес компании од Кина конкурираат на различни тендери во нашата околина што до пред 20 години беше незамисливо.

Но, она што е се позабележливо е дека модерната глобализација го потврдува 80/20 правилото преку постоење на следниве групи:

  • Витално Малцинство (Vital Few) и
  • Тривијално Мнозинство (Trivial Many)

Сите сакаме да бидеме во таа група на витално малцинство кое според 80/20 правилото претставува 20% од глоблната популација. Насекаде околу нас ќе забележиме ентитети кои спаѓаат во тривијалното мнозинство, но тоа не е тоа. Прашањето е како?

Принцип на итерација при 80/20 правило

Доста долго го анализирам оваа правило и нешто што забележав дека за неговата вистинска примена важи законот за итерација што всушност претставува постојано повторување на процесот до насјитните детали (или потсистеми) за да се постигнат поставените цели. На овој принцип се базира и фракталната филозофија како една менаџерска филозофија за подобрување. На пример, сакаме да бидеме во делот витално мнозинство тогаш нашиот бизнис ќе треба да го користи следниов приод:

  • Бизнис – 80/20
    • Систем 1 – 80/20
      • Подсистем 1 – 80/20
        • Човек 1 – 80/20
          • Активност 1 – 80/20
          • Активност 2 – 80/20
          • Активност 3 – 80/20
        • Човек 2 – 80/20
        • Човек 3 – 80/20
      • Подсистем 2
      • Подсистем 3
    • Систем 2
    • Систем 3

Значи во сите сегменти од функционирањето на нашиот бизнис ќе треба да го примениме оваа правило. Системскиот приод е најдобриот приод за оваа примена. Тоа значи дека за да ви биде полесно ќе морате квалитетно да го системтизирате Вашиот бизнис.

Но сепак не е се во математика, статистика и анализа на податоци. Повеќе е до самите нас. Не сме сите добри во математиката, но добри сме во размислувањето, сепак ние претставуваме најинтелигентни суштества на планетата.

80/20 Размислување

Бидејќи при 80/20 правило важи принципот на итерација сепак мора да се тргне од нас самите, односно нашето размислување. Затоа и како основа за еден квалитетен живот како на личен така и на бизнис план претставува примена на 80/20 размислување.

Секогаш не можеме да бараме податоци, да анализираме и да избираме што е важно а што не е важно. Почесто ќе се базираме на наши проценки и избор на неколку важни работи игнорирајќи еден куп на неважни работи. Но, не можеме од еднаш да бидеме перфектни во примена на оваа правило, бидејќи е потребно вежбање на нашиот мозок да се насочува на тие Важни работи.

На пример во RFM формула се насочивме преку анализа на однесувањето на потрошувачите да дојдеме до тоа витално малцинство кое можеби ни носи над 80% приход. Од друга страна за насочување на одреден сегмент на пазарот со потенцијални купувачи ќе немаме податоци за нивно однесување. Но, затоа можебе да ги претпоставиме и да го најдеме тој наш сегмент кој ќе претставува витално малцинство.

Примена на 80/20 размислување

Иако не постојат шаблони и темплејти ќе се обидам да извлечам неколку прашања кои ќе ве водат низ процесот на 80/20 размислување. Едно нешто е важно што треба да го напоменам. Никогаш не заклучувајте веднаш како да го знаете одговорот, обидете се да одите низ сите прашања и не само овие туку и ваши и воведете колку што можете поголем степен на креативност во Вас.

  1. Што претставува 20% од нешто што води до 80% од друго нешто?
  2. Зошто се тие 20% од нешто што водат со 80% од нешто друго?
  3. Кои се 20% од причини што води до 80% на ефекти?
  4. Зошто се тие 20% причини што водат со 80% од ефекти?
  5. Кои се 20% влезови кои водат до 80% на резултати?
  6. Зошто се тие 20% од влезови што водат со 80% од нешто резултатите?

Ова се само прашања кои ќе треба да го поттикнат вашето 80/20 размислување, но слободно можете да додавате уште Ваши прашања со цел да дојдете до квалитетен заклучок за тоа што претставува витално мнозинство за Вас и за Вашиот бизнис.

Затоа и е важно 80/20 правило, за да го примените 80/20 размислување во секојдневниот живот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. hulahopa says

    не ти е убаво опишано, теоретски е, немаш примена со практични примери. би го надградил со подетални описи на еден процес во една фирма. ок.

    поздрасв.

    • Д-р Драган Шутевски says

      Во еден од претходните написи на претприемач имаше обработен пример за примена во однос на залихи со дополнување на уште 6 примери за поинакво користење. Не би сакал да се повторувам во овој напис.
      Тука е изнесен еден поинаков поглед кој можеби наликува теоретски, но не знам дали ќе го најдеш во теоријата на најдобрите специфични книги за 80/20 правило. Не книги со еден наслов кој го опфаќа ова подрачје туку специјализирани книги за 80/20 правило.
      Инаку имаш право, нема доволно примери во написот, кои во 600-700 збора не можев да ги вклопам. Но, не значи дека нема да следат. А, ако имаш некои примери слободно може да ми пратиш и ќе одат како гостински пост.
      Поздрав!

Speak Your Mind

*