post

Алатки кои може да ви помогнат во зголемување на продуктивноста

Оваа година на претприемач темата за продуктивност се наметна како една од попотенцираните теми заедно со започнување на бизнис. Причината е што продуктивноста е доста значајна за успехот на еден претприемач.

Продуктивност значи:

  • Да се работи на вистинските работи од страна на еден претприемач.
  • Она што ќе се сработи да биде навремено и квалитетно.

За таа цел користиме различни алатки, системи, методи и помагала. Подолу се дадени основните алатки кои може да ви помогнат во зголемување на вашата лична продуктивност како еден претприемач.

1. Менаџирање со задачи/проекти

Првото нешто што ни е потребно во зголемување на продуктивноста е систематски пристап во менаџирање со задачи (обврски), односно проекти.

Алатките се едно, систем претставува нешто сосема друго. Алатките се тука за да го поддржат системот кој го користите за зголемување на продуктивноста.

На пример, јас го користам GTD (Geting Things Done) системот на David Allen кој го имам прилагодено и сеуште го прилагодувам соглкасно моите потреби. За таа цел за да направам ред во крајно хаотични збирки на обврски и активности како професионално, така и приватно го користам OmniFocus и Evernote.  Подолу се дадени некои алатки кои може да ви помогнат во имплементација на еден систем за менаџирање со задачи/проекти:

2. Алатки за елиминирање на се она што непродуктивно ви го привлекува вниманието

Денес сме опкружени со различни видови на алатки и технологии кои доколку не се менаџираат на вистински начин лесно може да станат едни од најголемите уништувачи на нашата продуктивност.

Додека работиме, добиваме епошта како и нотификација за пример, добиваме прака на  Facebook, некој направил нешти и Facebook или Twitter апликацијата на нашиот мобилен телефон не известрува, читаме нешто на интернет и лесно се префрлуваме на сосема друга страна…

За да ги избегнеме ваквите замки кога станува збор за продуктивноста мораме да имплементираме заштитен систем, особено кога работиме на нашата “да направам” листа.

Еве некои алатки кои може да помогнат:

3. Алатки за запишување/снимање

Динамичноста на претприемачки живот не дозволува секогаш да работиме одредени активности од исто место. Различни идеи треба да бидат запаметени од секаде. Различни активности треба да се спроведат од различни места.

Да бидете продуктивни, значи секаде со вас да биде она што треба да го завршите, па дури и со можност кога ќе се појавите на специфично место да бидете известени што треба да завршите таму. На пример, во OmniFocus имам можност да подесам активности согласно местото каде се наоѓам. Ова значи дека добивам известување за активност која треба да ја сработам дома, во банка, на работа…

Затоа следниве алатки или помагала може да ви помогнат:

  • Паметен телефон
  • Лист и пренкало
  • Апликации за паметен телефон

4. Календар

Освен видот на задачите и местото на кое треба да се завршат, за продуктивноста многу е важно и прашањето кога треба да се завршат.

За оваа цел користиме календари, во минатото хартиени-картонски, денес електронски.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*