post

Алатки за безхартиено работење

Како една од главните теми за ова година на претприемач е процес на безхартиено работење. Како што веќе и претходно пишував овој процес е важен заради следниве причини:

  • Обезбедува значајни заштеди во севкупното работење на бизнисот.
  • Обезбедува зголемување на продуктивноста како на вас како претприемачи, така и на целиот тим кој работи со вас.
  • Директно се учествува во креирање на т.н “зелен бизнис” кој размислува и е вклучен во заштита на околината.

Во овој наслов сакам да ги напоменам некои од основните алатки кои ги користам во процесот, како и некои размислувања за во иднина. Нема да навлегувам во детален опис на начинот на користење, туку само ќе ги наведам основите на потребата од нивно користење.

Но, пред да започнеме со алатки, предлагам првин да се потсетиме на претходните наслови од овој серијал (за сите кои првпат доаѓаат до овој наслов):

Како и секој процес, така и процесот на безхартиено работење ќе бара користење на одредени алатки кои всушност ќе му служат на самиот процес. Имплементацијата не е скапа и се движи од бесплатно до минимални, дури и незабележителни трошоци.

Што е онаа што јас го користам во мојот процес, а што може да ви биде потребно на вас, доколку се одлучите да имплементирате сличен процес?

  1. Скенер. Основата на процесот, како што е и во графикот е во скенирање на дојдовните документи. Не користам некој посебен вид на скенер, туку во моментов е вклучен мојот мултифункционален скенер Samsung (не ги знам шифрите на моделот), што сега засега претставува единствениот кочничар на поефикасен процес. Затоа и планирам да во процесов вклучам некој поквалитетен и поприлагодлив скенер за оваа намена. Сеуште сум во истражување и анализа на решенијата кои во моментов постојат.
  2. Evernote. Може ли без него? Секако не, бидејќи целиот процес ми е базиран на оваа алатка. Всушност, изборот е Evernote бидејќи со користење тепам две муви со еден удар. Добивам онлајн простор и достапност на документи, но и OCR (Optical Character Recognition) што обезбедува сите скенирани документи да имаат препознатлива содржина кога пребарувам.
  3. Dropbox. Dropbox претставува одредено надополнување на некои документи кои можеби ќе ми затребаат во определен момент, а работат на апликации (особено за iPhone или iPad) кои директно се поврзани со Dropbox.
  4. iCloud. Оваа решение на Apple одлично функционира на мојот избор на канцелариски апликации iWorks. Сите документи се сместени на iCloud и ажурирани во вистинско време без да имам потреба да кликнувам ан Save копчето. Ми се чини дека веќе немам проблеми со пад на системот и губење на последните промени.
  5. Hazel. Како што веќе презентирав во последниот наслов, оваа апликација ми е неизбежна за зголемување на продуктивноста преку имплементација на автоматизација во самиот процес.
  6. Skitch. Веќе не скицирам на лист хартија. Едноставно со Skitch ќе ја сликам состојбата која ми е потребна и потоа ќе црткам, означувам и пишувам. сето тоа автоматски оди во Evernote.
  7. Penultimate. Понекогаш се наоѓам во ситуација кога ми недостасува онаа традиционалното нотесче и пенкалце за да напишам нешто со сопствена рака. Затоа и ја купив Penultimate апликацијата (која е повторно дел од семејството на Evernote) која ми овозможува преку iPad да си пишувам текстуални белешки кои повторно одат во Evernote.
  8. Мобилен телефон. Иако не е прв, не мора да ја напоменувам значајноста на мобилниот телефон и особено оние т.н. “паметни телефони”. Користам  iPhone кој во многу ситуации се наоѓа во овој процес.
  9. JotNotPro. Имам пробано барем десетина апликации за скенирање преку мобилен телефон, но ниедна не ги задоволуваше моите очекувања. Конечно со JotNotPro обезбедив нешто кое е многу блиску до вистински скенер. Алатка која го заменува мојот скенер кога не сум во канцеларија.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*