post

Алатки за креирање на вашиот буџет

 

Продажба

Продажба

Планирање на иднината на вашиот бизнис во многу сегменти е поврзано со пари и секако достапноста на тие пари. Без пари не може да се финансираат бизнис потфатите кои ќе ги планирате.

Токму затоа за се нешто се користи буџет, кој обезбедува дека имате доволно пари за идните потфати и секако обезбедува контролирано трошење на тие пари.

Висиата на буџетот (пари на располагање за определен временски период) кога станува збор за еден бизнис зависи од следниве елементи:

  • Планирани проекти за временскиот период за кој се однесува
  • Моменталната состојба на сетка (Колку пари имате сега?) и
  • Приходите во периодот за кој ќе се однесува буџетот.

Износот на парите ќе го знаете и имате секогаш. Но, треба да се засукаат ракавите во однос на приходите кои сеуште не се случиле, туку ќе се случат во иднина.

1. Предвидување на продажба

Предвидување на продажба - график

Предвидување на продажба - график

Предвидување на продажба е дел од процес на бизнис планирање во кој се интегрираат повеќе анализи и планирања на другите елементи. Оваа предвидување треба да ви даде една слика по месеци за тоа колку пари во вид на приходи ќе имате како влез во вашиот бизнис.

Повеќе за предвидување како менаџерска алатка можете да прочитате и во:

2. Графикон на рентабилност

Графикон на рентабилност

Графикон на рентабилност

Сега знаеме како ќе се движат приходите, односно каков влез ќе имаме во износ на пари во нашиот бизнис. Но, сите пари не се за трошење и не можат веднаш да се искористат целосно за буџет за идно трошење. Затоа како една алатка која можете да ја користите е графиконот на рентабилност кој ќе ви даде една слика за тоа кога сте рентабилни, а кога имате помалку пари на располагање за трошење.

Повеќе за графиконот на рентабилност можете да најдете и во:

3. Анализа на готовински тек

Готовински тек - график

Готовински тек - график

Анализа на готовински тек е уште една алатка која ќе ви даде слика за тоа како се движи готовината низ вашиот бизнис и која ќе ви помогне во процесот на креирање на буџетото. Готовински тек претставува движење на парите во и надвор од бизнисот, односно циклус на прилив и излив на готовина што всушност ја определува платежната способност.

Едноставно со еден поглед во графикот ќе видите како оди вашето трошење и како ќе оди тоа трошење истовремено гледајќи дали предвидениот прилив ќе дозволува такво трошење, со што едноставно ќе можете да извршите прилагодување на вашиот буџет.

 

За Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Искажи се доколку имаш нешто

*