post

Бизнис блог – ден 11: Бреинстормирање на наслови

Бизнис блог Ова е единаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот десети ден од предизвикот се однесуваше на инсталација на додатоци кои ќе ја зголемат функционалноста на твојот бизнис блог кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој единаесети ден.

Ден 11: Бреинстормирање на наслови

Насловите се многу важни елементи од вашиот бизнис блог, но можеби и за вашиот иден бизнис успех. Постојат различни мислења дали да се оди првин со пишување на содржината, па од неа да се извлече насловот или обратно, првин насловот а потоа содржината. Во секој случај можеш да ги користиш и двата начина, но идејата во овој предизвик е да започнете со наслови заради полесно обезбедување на содржина во иднина.

Овој ден ќе биде многу важен ден за идниот развој на вашиот бизнис блог. Вие веќе ги имате категориите и тие може да бидат стартна позиција за бреинстормирање на наслови. Едноставно обидете се од секоја категорија да извлечете барем по 10 можни наслови. Од друга страна ги имате и 50-те идеи за блог постови во книгата блогирање за бизнис. Вашата задача за овој 11-ти ден е да дојдете до колку што можете повеќе наслови. Иако овој предизвик е на дневна основа, сепак секоја активност можете да ја имплементирате онолку колку што ви е потребно време. Врз основа на тие 50 идеи можете да дојдете до 100 уникатни наслови за вашиот бизнис блог. Тоа би било доволно за цела година доколку објавувате по 2-3 наслови неделно.

Од друга страна, тука ќе ја најавам ексклузивно уште едната алатка која скоро е подготвена и се однесува токму на овие наслови, а тоа се 100 идеи-наслови за блог постови преку претприемач каде првите 50 ќе бидат оние опфатени во книгата блогирање за бизнис, додека останатите 50 ќе бидат сосема нови и спремни за прилагодување кон твојата индустрија.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Добро разгледај ги твоите категории и во тефтерот или нотесот кој ви служи за овој предизвик определете по една страна за една категорија.
  • За секоја категорија размислете што е она што првин би го прашал твојот потенцијален купувач. Врз основа на одговорите напиши ги насловите на таа страна која е определена за таа категорија. Истото повтори го и со останатите категории. Доколку имаш 8 категории ќе имаши 80 наслови.
  • Искористете ги 50-те идеи од книгата блогирање за бизнис и едноставно дојдете до уште 100-тина наслови. Запомнете дека колку повеќе наслови толку подобро и за вас и за вашиот бизнис блог.

Следува: Бизнис блог – ден 12: Дефинирање на конечни наслови

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*