post

Бизнис блог – ден 12: Дефинирање на конечните наслови

Бизнис блог Продолжуваме со дванаесеттиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот единаесетти ден од предизвикот се однесуваше на бреинстормирање на идеи на наслови  кој доколку не си го поминали би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дванаесетти ден.

Ден 12: Дефинирање на конечните наслови за идеите до кои дојдовте претходниот ден

Доколку ги следеше советите и упатствата од претходниот ден веќе денес треба да имаш можеби и 200 идеи за наслови во вашиот тефтер од овој предизвик за блогирање. Но, не се сите приоритетни или пак добри за твојот бизнис. Денешниот ден е повеќе за анализа на тие наслови и нивно прилагодување за твојот бизнис блог.

Кога веќе знаеш што ќе пишуваш (имаш 200-тина идеи) сега е време за секоја од тие идеи да направиш наслов во вистински смисол на зборот. Она на што треба да внимаваш е во тие наслови да биде содржан и твојот клучен збор (ден 5 и ден 7). Второ нешто на што треба да внимаваш е тој наслов да биде инспиративен за превземање на акција од страна на оној кој ќе дојде до него, барем за да кликне и да го прочита.

Да ги дефинираме практичните чекори кои ќе треба да го направиш токму овој ден:

  • Провери ги сите идеи-наслови од претходниот ден и едноставно претвори ги во наслови за твојот бизнис блог кои ќе одговараат на твојата индустрија и секако на потребите на твоите потрошувачи.
  • Осигурај се дека во секој од насловите ќе биде содржан по еден клучен збор (примарен или пак секундарен). Не обидувај се во еден наслов да сместуваш повеќе клучни зборови, тоа нема да ги даде резултатите кои мислиш дека ќе се добијат, но може да направи твојот наслов да изгледа глупаво и невредно.
  • Провери дали се инспиративни тие наслови или пак дали поттикнуваат некаков вид на акција. Дали се доволно информативни или не се? Доколку не се инспиративни, ориентирани кон акција или пак информативни, тогаш направи ги такви.

Следува: Бизнис блог – ден 13: Поднаслови за секој наслов од претходниот ден

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*