post

Бизнис блог – ден 13: Поднаслови за секој наслов од претходниот ден

Бизнис блог - поднаслови

Бизнис блог - поднаслови

Ќе продолжиме со тринаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот дванаесети ден од предизвикот се однесуваше на конечно дефинирање на наслови  кој доколку не си го поминали би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дванаесетти ден.

Ден 13: Напишете ги поднасловите за секој наслов од претходниот ден

Доколку се оди како што треба од овој предизвик би требало веќе да имаш барем 100-тина наслови за твојот бизнис блог. Тоа е доволно за една година однапред да се осигураш дека ќе нема да имаш проблем со недостаток на содржина.

Повторно тука би напоменал дека постојат различни мислења од страна на експертите дали прво да се пишува содржина или пак да се започне со наслов и потоа да се структурира и довршува постот. Сепак сметам дека многу е полесно доколку започнеш да пишуваш кога страната не е целосно бела (има барем наслов), а подтоа доколку има потреба ќе извршиш потребна измена и во насловот.

За секој наслов од претходниот ден размисли за можните поднаслови. Овие поднаслови во голема мерка ќе го поедностават процесот на пишување на постовите бидејќи едноставно ќе знаете за секој дел што треба да напишете. Внимавајте во поднасловите да бидат содржани или примарните или секундарните зборови (сепак не треба да се претерува).

Целта е на крајот од овој ден да имате за секој наслов нешто вакво:

Наслов (примарен збор + други зборови)

Поднаслов 1 (Секундарен збор + други зборови)

Поднаслов 2 (Секундарен збор + други зборови)

Поднаслов N (Секундарен збор + други зборови)

Сакам уште еднаш да напоменам (иако во е-книгата која што ќе произлезе од оваа содржина ќе навлеземе подлабоко во оваа проблематика) немора секој поднаслов да содржи секундарен збор, туку може и без него. Сепак основната цел е да пишуваш за читателот, а не за пребарувачите. Од друга страна не можете, но и не е соодветно со еден пост или една страна да ги таргетирате сите клучни зборови (примарни, секундарни, терцијални…). Ова е поради фактот што секој клучен збор има одредено значење и соодветна тема која може да ја опише и која се разликува од останатите теми. Секој збор има свои приказни зад него кои не се соодветни со другите зборови. Замислете каква каша попара ќе стане доколку се обидете во еден пост да опфатите се и сешто. Забележувам многу грешки кога се „лупаат“ зборовите во meta tags само колку да ги има, но едно нешто ми е јасно од анализите кои ги правам на оваа поле – последните резултати се дека keyword meta tag има корелација 0 во однос на резултати од пребарување. Мислам дека само уште еден пребарувач (и тоа маргинален) ги користи и тоа со многу слаба корелација.

Сепак овој ден ја имате структурата на секој наслов, така да она што од утре и следните неколку денови што ќе треба да го правите ќе биде многу поедноставно.

Следува: Бизнис блог – ден 14-17:  Пишување на постови

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*