post

Бизнис блог – Ден 22: Уредувачки календар (Editorial Calendar)

Бизнис блог за 30 дена Да продолжиме со дваесетивториот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот, дваесетипрви ден од предизвикот се однесуваше на ставање на сервер на постовите преку платформа за блогирање кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој дваесетивтори ден.

Ден 22: Уредувачки календар (Editorial Calendar)

Досега ги имате напишано постовите и ги поставивте како драфт на сервер. Иако можеби сте размислувале за редоследот, сепак целта е преку овој предизвик да имате покриеност барем за една година, а во меѓувреме нормално со нови идеи (кои ќе ги имате) да надополнувате.

Но, со она што во моментов го имате би било добро да размислите за еден логичен редослед на објавување. Освен тој редослед мора да размислите и за приоритетот на објавување (некој пост е поважен од друг). Од друга страна ќе се појави пореба некои понови постови да се повикуваат на претходно објавени, што исто така треба да го имате во предвид при реорганизација на овие постови.

За да си ја олесните работата во организација на време на објавување како и редоследот на објавување добро е да имате еден уредувачки календар. Една алатка која може да ви помогне е додатокот Editorial Calendar кој би требало да го инсталирате и во еден поглед во вид на календар ќе можете со едноставно влечење на насловите да ги подредите во најдобар редослед за објавување.

  • Определете го приоритетот на постовите. Некои ќе бидат промотивни за одреден период во година. Некои ќе бидат важни заради содржината на информациите. Сето тоа мора да го означите со соодветен приоритет за објавување.
  • Размислете и одлучете за логичен распоред на објавување. Гледајте ги насловите како една голема функционална целина. Што треба да биде прво, а што потоа?
  • Инсталирајте го додатокот Editorial Calendar и врз основа н претходните две точки подредете ги постовите.

Следува: Бизнис блог – ден 23: Интерно линкување

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*