post

Бизнис блог – ден 8: Категории и основни страни

Убиство на сопствениот бизнис Продолжуваме со осмиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Помина една недела од овој предизвик.  Претходниот ден (седми) од предизвикот се однесуваше на анализа на клучните зборови кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите пред да одите со активности од овој осми ден.

Ден 8: Категории и основни страни

Доброто структурирање на самиот блог значи и голема работа завршена за тебе кога станува збор за блогирање за бизнис. Оваа структурирање освен што има потенцијал да обезбеди добар однос со вашите потенцијални потрошувачи бидејќи тие треба лесно да се снаоѓаат и доаѓаат до она што им е потребно, има потенцијал и за подобрување на самата оптимизација на твојот бизнис блог. Без добра структура воопшто не размислувајте за продолжување понатаму. Ова е една од најголемите грешки кои гледам дека се прават, но и самиот сум поминал преку оваа грешка.

Блогот освен блог постови ќе има и категории и некои основни страни како контакт страна и за нас страната. Овој ден искористете го за дизајн на структурата на вашиот блог, односно кои ќе бидат главните категории, а кои подкатегории како и сите страни кои што ќе ги има (може да имате и специфични влезни-целни страни преку кои ќе се обидете да навлезете во процесот на конверзија). Кога станува збор за категории сите примарни зборови може да претставуваат категории додека сите секундарни зборови подкатегории (доколку имате подктегории).

  • Одлучи за самата категоризација на твојот бизнис блог. Колку категории ќе има? Кои можни категории би влегле во потесен круг за избор? Дали се доволни само категории или ќе требаат и подкатегории.
  • Наврати се на анализата на клучни зборови од вчера и провери дали некои од примарните зборови може да влезат како категории за твојот бизнис блог и дали некои од секундарните зборови може да влезат како подкатегории на главните категории.
  • Донеси конечна одлука за категоризацијата на твојот бизнис блог.
  • Донеси одлука за основните страни кои ќе ги содржи блогот. Тоа се најчесто страните за компанијата, контакт страната, страната за архива и целни страници доколку сакаш веднаш да започнеш со одреден вид на конверзија на твојот бизнис блог.
  • Направи ја содржината на тие страни од претходниот чекор.

Следува: Бизнис блог – ден 9: Подготовка на технологија

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*