post

Бизнис идеја – Основа на секој бизнис

Бизнис идеја

Бизнис идеја

Ова е прв месец од наредните 8 месеци за посебни теми од областа на претприемништвото. Имате 30 дена за да примените се што ќе научите од оваа тема која се однесува на бизнис идеја.

Колку што можам да забележам 80% од времето еден претприемач ги вложува во креирање на бизнис идеја, додека 20% во имплементација на истата. Од друга страна креацијата претставува само 20% од резултатите додека имплементацијата доведува до 80% од резултатите. Добра книга која ја ставам во категорија на книги кои мора да се прочитаат и која може да ви помогне во подобра имплементација претставува: Making Ideas Happen од Scot Belsky.

Верувам дека сите во минатата недела сте добиле некаква идеја. По добивање на една таква идеја прво што сте се запрашале е дали ќе се исплати, колку ќе треба да вложам и дали имам толку пари.

Пред некој ден разговарав со еден мој пријател за една негова бизнис идеја. Бизнис идејата е едноставна, не е нешто невидено, но имплементацијата е многу посложена. Би ви дал само еден факт од овој пример: претприемачот подготвил буџет од 30.000 $ за маркетинг во првата година. Тоа е прилично голема сума за еден мал бизнис, но со визија на претприемачот. Тој едноставно разговараше со мене за да ја провери сопствената идеја, да го чуе моето мислење, моите препораки… Истото сигурно го направил и со други. Ова вушност претставува онаа првично испитување – проверка на идејата кое сметам дека постои кај сите претприемачи. Сепак многу е полесно за Вашата душа кога ќе споделите нешто со некој друг и ќе чуете поинакво мислење.

Премиум претприемач

Премиум претприемач

Во Премиум Претприемач дури еден и пол месец работиме на развој на соодветна бизнис идеја која започнува од претприемачот, а не од пазарот како што многумина ве учат. Како можам да започнам бизнис за продажба на гитари кога немам поим за истите и никогаш не сум имал. Иако знам дека пазарот има потреба од еден таков бизнис. Кога станува збор за претприемачот кој го споменав погоре морам да напоменам дека пред 8-9 години тој беше во истиот таков бизнис.

Три елементи кои влијаат на една бизнис идеја

Пред да започнете со бреинстормирање на бизнис идеи мора да сфатите дека постојат три елементи кои ќе имаат влијание на Вашата бизнис идеја и бизнисот кој произлегува од неа. Тие елементи се:

  • Проблем. Мора да постои проблем на пазарот кој таа Ваша бизнис идеја ќе го реши.
  • Желба. Мора да постои желба на пазарот за решавање на тој проблем. Многу проблеми може да постојат, но интензитетот и влијанието на истиот врз пазарот не е ист, па затоа и желбата за решавање не може да биде иста.
  • Слаба шанса за решавање. Третиот елемент е слабата шанса на постоечките понуди на пазарот за решавање на тој проблем.

Во постот 3 елементи кои секоја бизнис идеја мора да ги има го дизајнирав следниот график кој го прикажува овој процес:

Бизнис идеја и 3 елементи

Бизнис идеја и 3 елементи

Значи секогаш се тргнува од разликата помеѓу сегашноста (тековна состојба) и иднината (желба за идна состојба) помеѓу кои се наоѓа проблем за кој има желба за решавање и конкуренцијата сеуште не нуди соодветно и квалитетно решение – кое претставува Вашата бизнис идеја.

Но, сепак тука недостасува уште еден елемент – претприемачот. Графикот е дизајниран така да во центарот на вниманието е пазарот, а каде е тука претприемачот. Претприемачот, од кој се започнува. Затоа овие елементи мора да се споредат со:

  • Знаење на претприемачот за решавање на тој проблем,
  • Вештини за решавање на проблемот,
  • Способноста на претприемачот да најде решение,
  • Пасијата на претприемачот и
  • Желбите на претприемачот и нивно остварување со овој бизнис.

Како еден можен начин на бреинстормирање на бизнис идеи дизајнирав 50 прашања кои ќе ве водат низ процесот на креирање на бизнис идеја.

Организирање на идеите

Во природата на човекот е да има повеќе бизнис идеи. Некој ќе има 2, некој 5 а некој десетици или пак стотици бизнис идеи. Секоја бизнис идеја е вредна за Вас како сегашен или иден претприемач. Дури и најглупавата, најсмешната или најнеостварливата бизнис идеја има своја сегашна или идна вредност.

За да можете да ги пресметате тие сегашни и идни вредности секоја бизнис идеја реба да биде складирана и соодветно проценета. Затоа мора да имате книга со бизнис идеи. Во еден од темплејтите кои ги добивте имате примерок од Книга со бизнис идеи.

Сместете ја секоја бизнис идеја во таа книга и за секоја направете иницијална анализа која ќе ви го даде приоритетот на реализација на истите.

Дел од таа иницијална анализа ќе биде и разговор со Вашите блиски, пријатели, роднини… Ќе ве интересира нивното мислење. Но, внимавајте да не западнете во стапица на негативците.

Што понатаму?

Да сега имате бизнис идеи. Можеби имате една и немате проблем за одлучување со која да стартувате. Но, препорачувам да имате минимум две бизнис идеи. Во Премиум Претприемач дизајнираме над 30 бизнис идеи.

Сега треба да одлучите со која да започнете бизнис. Тоа ќе биде бизнис идејата со најголема потенцијална енергија – бизнис идеја која решава проблем за кој пазарот бара решение, има најмала или најслаба понуда за такво решение и е согласно вашите вештини, знаење, афинитети, пасија…

По изборот, што понатаму?

  • Ќе ги дефинирате производите и/или услугите.
  • Ќе го дефинирате пазарот.
  • Ќе ги дефинирате конкурентите.
  • Ќе ги дефинирате ресурсите.

Повеќе можете да прочитате во Имам бизнис идеја – Што понатаму?

Дизајнирање на бизнисот

Да дизајнирате нешто значи да го испланирате тоа нешто се до реализација на тоа нешто. Како ќе изгледа? Кои ќе бидат функционалностите? Како ќе функционира? Што ќе се постигнува со тоа нешто? Сето ова се прашања кои се разгледуваат при дизајнирање на нешто. Претприемач е личноста која дизајнира бизнис.

Можете дизајнот да го ставите на хартија во текстуална форма. Но, сепак потоа направете и графички дизајн кој ќе ви помогне во дефинирање на функциите и процесите во тој Ваш бизнис.

Повеќе детали за оваа тема можете да прочитате во постот Како да го дизајнирате Вашиот бизнис.

Еве еден пример на дизајнирање на еден бизнис модел. Првин започнав со цртање на хартија со рака и моите чкрабаници изгледаа вака:

Бизнис дизајн

Бизнис дизајн - рачно

Откако пробував со различни варијанти и идеи на хартија следуваше дизајн на бизнисот со помош на компјутерска обработка, па така се доби следниов график:

Бизнис дизајн - Компјутерска обработка

Бизнис дизајн - Компјутерска обработка

Забележувате дека е доста попрегледно, но од друга страна многу поедноставно успеав да ги видам слабостите и потребните измени од оној на хартија во овој конечен модел.

Препораки и активности:

За успешно да ги совладате техниките и идеите за бреинстормирање на бизнис идеи и подготовка на Вашиот бизнис препорачувам да ги прочитате сите линкови од овој материјал кои се во вид на посебни постови. За повеќе информации имаме над 29 постови во категоријата бизнис идеи каде сите заинтересирани за повеќе знаење можат да ги искористат.

Потребна ви е рутина, која со текот на времето и вежбање на овие активности верувам дека ќе ја имате и за Вас бреинстормирање на бизнис идеја и дизајнирање на бизнис ќе биде едноставно.

Следете ги следниве активности (во поедноставена форма):

  • Бреинстормирајте бизнис идеи во согласност со Вашите знаења, вештини, пасија, афинитети…
  • Проверете дали за тие идеи навистина постои проблем, желба за решавање и колкава е конкурентноста за решавање на тој проблем.
  • Изгответе книга со бизнис идеи каде ќе имате сегашен и иден потенцијал на секоја бизнис идеја.
  • Изберете ја бизнис идејата со најголем сегашен и иден потенцијал.
  • Дефинирајте ги производите/услугите, пазарот, конкурентите и услугите.
  • Направете дизајн на бизнисот во текстуална форма.
  • Текстуалната форма трансформирајте ја во график.

Имате 30 дена да завршите со сето она што како активности го наведовме тука. Останува на Вас да спроведете и да превземете акција. По 30 дена ќе следува втората тема – Изработка на бизнис план.