post

Бизнис лекции од играта Farmville на Facebook

Интересен напис прочитав на Business Accent за лекции кои се научени преку играње на популарната игра Farmville на Facebook. Оваа е популарна игра која има над 55 милиони активни играчи месечно низ целиот свет. Еве кои бизнис лекции ги издвојуваат кои произлегуваат од оваа популарна игра:

1) Трпеливоста е најважна

Без трпеливост за стигнување на ниво кое ќе се нарече некаков успех во бизнисот постои опасност од рано откажување. Успехот не се случува преку ноќ. Постојат повеќе нивоа на животен циклус во бизнисот и започнувањето е едно од најтешките.

2) Потребно е знаење за предвидување

Предвидување на иднината е една од основните задачи на претприемачот. Без квалитетно предвидување ќе се јават потешкотии во алокација на бизнис ресурсите.

3) Троши мудро

Трошење на пари, време и ресусрси на бизнисот може да доведе до брз успех или пак брз пропаст. Тешките времиња доаѓаат со брзина на светлината, а си заминуваат многу потешко. Затоа е потребно да се инвестира во она што ќе го развива нашиот бизнис, но и да се мисли за лошите времиња.

4) Гради пријатели

Ева е едно основно правило од социјалните медиуми како Facebook. Но, тоа е и во реалниот живот и во бизнисот. Некои дури препорачуваат да започнете со продажба уште пред вистинското започнување на бизнисот. Ова значи да пробате да продавате на Вашите блиски и пријатели, за да видите како ќе биде прифатен производот или пак услугата што ќе ги нудите. Колку повеќе пријатели имате толку повеќе потрошувачи ќе имате за вашиот бизнис.

5) Помагај им на соседите

Оваа е едно од поновите правила кои произлегуваат од модерниот бизнис. Не е се во заработката и продавање. Помагајќи на други луѓе (бесплатно) ќе ја градите Вашата репутација како еден експерт во полето на вашиот бизнис.

6) Грижи се за твојата фарма

Постојано следење на бизнисот и насоките во кои се движи истиот е основа за успешен бизнис. Следи ги најважните бизнис показатели заради донесување на правилни одлуки. Основните показатели се:

  • Реализација на бизнис планот
  • Приходи
  • Расходи
  • Готовински тек
  • Успешност на маркетинг активности
  • Производствени показатели

7) Работи напорно

Се смета дека колку понапорно работиш ќе успееш да ги исполниш целите на бизнисот. Но, сепак не е само напорно работење, туку во напорно работење со вистинска организираност која ќе доведе до ефикасност и ефективност во исто време. Доколку имате поставено остварливи цели кои сакате да ги постигнете организирајте ја Вашата работа така да ги постигнете во најкраток можен рок.

8) Oрганизирај

Во бисниот организирање е една од најважните функции (една од функции на менаџментот). Организирање има за цел да ги оптимизира сите бизнис активности за да се извлечат максимални резултати од бизнис ресурсите.

9) Не прекинувај со учење

Мислам дека нема потреба да се коментира. Ширењето на знаење е нешто кое постојано ќе ја надополнува Вашата бизнис потенцијална енергија.

10) Направи пауза од време навреме

Понекогаш нашиот мозок доаѓа до еден застој кој тешко се надминува. Направете пауза и дајте си мал одмор за да ги наполните батериите.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Гого Рафајловски says:

    Морам нешто да ви се пофалам: FarmVille е најитересната тема кај мене во маало!!! (не подзинувајте…тоа е затоа што околу 40% од жителите се деца на возраст до 10 години!)

    Пред некој ден најмногу се срадував кога „малите бизнисмени“ од мојата улица расправаа за „животот на фарма“. Иако нивните родители често знаат да искоментираат дека нивните деца не треба да „се навлекуваат на таму некоја игрица со орање„ (?!), туку активно да се посветат на читање (и пишување или прераскажување) на лектири! Еве и зошто:

    – Филип му вели на Давид: Уште малку и ќе имам доволно пари (читај виртуелни знатници) за да изградам вила на „фармата“!

    – Давид: Ах јас имам одамна! сега сум на ХХ ниво и тукушто ја проширив „фармата“ за да можам повеќе да садам! Тоа треба да направиш – наместо да трошиш пари за вила, купи си трактор и прошири ја „фармата“. По само неколку дена ќе садиш повеќе жито, со тракторот побрзо ќе го ожнееш, а бидејќи ќе имаш повеќе приходи од проширеното садење (читај: зголеменото производство!) – побрзо ќе собереш пари за вилата! Плус, со тракторот ќе добиваш и повеќе искуство (играта го овозможува ова ако користиш механизација!) па после ќе можеш да купеш не вила – туку цел замок!!!

    Не ме сваќајте погрешно, но јас толку многу се срадував на ова бидејќи мене лично ми требаа неколку добри десетици години да го научам ова што сега 10 годишните деца од мојата улица совршено го знаеја: ПАМЕТНО ДА МЕНАЏИРААТ СО СРЕДСТВАТА!!!

    Немем ништо лично против читањето книги, напротив, јас читам редовно независно од жанрот, но од прераскажувањето на лектири и „убавото пишување на прераскажаното“ денес нама да можам да се вработам нити во некоја приватна библиотека, а камо ли да се стремам да бидам нешто повеќе! А нашата генерација „се замараше со тоа“ цели 12 години!

    Поука до родителите: Не ги карајте децата доколку поминуваат повеќе часови на интернет отколку пишување на лектира, за 15 години од сега, тие ќе заработуваат од интернетот, без разлика дали почнале како „земјоделци“ или „писатели“!

Speak Your Mind

*