post

Бизнис план: 30 прашања на кои треба да даде одговор

Потребен ни е кога започнуваме бизнис. Потребен ни е кога бараме инвеститори за нашиот бизнис. Потребен ни е кога имплементираме промени. Потребен ни е во секојдневното функционирање на бизнисот.

Тоа е документот наречен како бизнис план, но документ кој претставува резултат на процес на планирање. Документ кој никогаш не е конечен и документ кој постојано ќе се вртка на вашата маса. Тоа е документ кој постојано ќе го отварате.

Еден бизнис план претставува жив документ кој постојано се менува и прилагодува согласно случувањата околу бизнисот.

Секој бизнис план е погрешен. Немојте да очекувате дека ќе имате перфектен бизнис план со 100% точност. Тоа е невозможно. Но можете да имате патоказ кој ќе ви помага во однос на донесување на правилни одлуки за вашиот бизнис во иднина.

Вашиот бизнис план е тој патоказ, односно мапа која ќе ве води во следниот период за кој се однесува планот.

Следниве 30 прашања може да ви помогнат при подготвување на вашиот бизнис план. Процесот на планирање ќе треба најмалку на овие прашања да даде одговор.

  1. Која потреба ќе задоволува вашиот бизнис?
  2. Кои проблеми на купувачите ќе бидат фокусот на вашиот бизнис?
  3. Како бизнисот ќе ги задоволи тие потреби?
  4. Како бизнисот ќе ги реши проблемите на купувачите?
  5. Кои се купувачите чии потреби ќе се задоволуваат и чии проблеми ќе се решаваат?
  6. Каде се тие купувачи?
  7. Кои се нивните карактеристични црти?
  8. Во колкав број се тие купувачи?
  9. Колку се спремни да платат за задоволување на потребата или решавање на проблемот?
  10. Колку време ќе бидат барани производите/услугите за задоволување на тие потреби и проблеми?
  11. Како бизнисот ќе пристапи до купувачите?
  12. Како бизнисот ќе комуницира со потенцијалните купувачи?
  13. Како бизнисот ќе комуницира со купувачите?
  14. Како бизнисот ќе се разликува од останатите учесници на пазарот?
  15. Кои се клучните играчи на пазарот?
  16. Што ќе треба да се направи за да се привлечат купувачи, одржат и зголеми нивниот број?
  17. Кои маркетинг средства ќе ги користи бизнисот за да стигне до купувачите?
  18. Како изгледа дизајнот на екосистемот во кој ќе функционира бизнисот?
  19. Кои ресурси ќе бидат потребни за да се реализира овој бизнис план?
  20. Колку пари ќе бидат потребни за имплементација на овој бизнис план?
  21. Од каде ќе се собере тој износ на пари за реализација на овој бизнис план?
  22. Кои ќе бидат основните приходи во бизнисот?
  23. Кои ќе бидат основните трошоци во бизнисот?
  24. Дали приходите ќе ги покријат трошоците?
  25. Што треба да се случи за да бизнисот работи рентабилно?
  26. Кој што ќе работи во бизнисот?
  27. Како ќе биде организиран бизнисот?
  28. Кои услови треба да ги исполнуваат членовите на бизнисот?
  29. Која технологија е потребна за да се имплементира овој бизнис план?
  30. Кои се активности/чекори ќе треба да ги преземе бизнисот и кога?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. mensur says:

    Pozdrav
    Sakav da pocnuvam nekoj biznes nesto privatno ali nemam pojma sto e nesto dobro sto ke ide vo makedonija vo skopje ili tetovo dali bi bilo mozno da mi se pomogne.
    Fala od pocetok
    So pocit,

    • Никој не може да ви го одговори Менсур тоа прашање и 100% да гарантира дека ќе оди. Подобро е да започнеш од себе, онаа што го знаеш и умееш, во што си највешт, а потоа да разгледаш околу тебе, односно пазарот дали им треба нешто за што вие сте најдобар. Во секој случај многу е подобро да имаш барем нешто на ум, па потоа да се разработува идејата врз таа основа.

Speak Your Mind

*