post

БИЗНИС ПОТЕНЦИЈАЛНА ЕНЕРГИЈА

Потенцијална енергија е термин од физиката кој ние често го употребуваме во бизнис аспектите. Зошто баш потенцијална енергија? На пример, во бензинот кој го користи вашиот автомобил има потенцијална енергија кој кога ќе се запали ги придвижува клиповите и се претвора во кинетичка енергија (движење на Вашиот автомобил). Бизнисот е составен од различни елементи или активности кои можат да го забрзат или успорат развојот на бизнисот. Затоа сметаме дека секој елемент (претприемачот, вработените, производите или услугите, финансиите …) или активности (планирање, контролирање, продажба, маркетинг активности …) кои се преземаат за секојдневно функционирање на бизнисот имаат сопствена потенцијална енергија.

Некои елементи и активности имаат поголема, а некои помала потенцијална енергија. Колку е поголема потенцијалната енергија на елементите толку ќе биде поголема веројатноста да се овозможи поголема брзина во движењето на бизнисот кон успехот. Работата на претприемачите е постојано да ја зголемуваат таа потенцијална енергија во секој од елементите или активностите на бизнисот. Но постојат два спротивставени случаи.

  • Вашите елементи и активности имаат голема потенцијална енергија но не можете да ја претворите во кинетичка. Тогаш џабе ви е што Вашиот бизнис има голем потенцијал, Вие не го искористувате. Мора да се насочите да го искористувате потенцијалот на Вашиот бизнис.
  • Вашите елементи и активности имаат слаба потенцијална енергија. Доколку ја претворите во кинетичка, тоа е ОК, но развојот на бизнисот сепак ќе биде доста спор. Мора да се насочите на зголемување на потенцијалот на Вашиот бизнис преку зголемување на потенцијалната енергија на елементите и активностите што ги преземате.

На пример, Вие имате добра бизнис идеа која има одлична потенцијална енергија. Средството (активноста) со која тој потенцијал (потенцијална енергија) ќе се претвори во успешен бизнис (кинетичка енергија) претставува бизнис планот. Доколку направите лош бизнис план за одлична бизнис идеа, не можете да очекувате успешен бизнис, барем не за подолго време. А, за тоа време некој друг ќе ја искоисти Вашата идеа.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Dime says:

    Interesen spoj na fizika i biznis.

Trackbacks

  1. […] планот е потребен бидејќи е единствено средство кое бизнис потенцијалната енергија во самата бизнис идеја може да ја преточи во бизнис […]

Speak Your Mind

*