Се повеќе луѓе од светот на бизнисот сфаќаат дека доколку не се видливи во онлајн светот, воопшто нема да постојат за нивните потрошувачи. Веб сајт спакуван со маркетиншки јазик кој е нешто за малку повеќе од вашата брошура не е доволен. Се бара едукација, се бара информација, се бара препорака, едноставно се бара содржина која ќе се преплетува како „пајакова мрежа“ низ интернетот. (Повеќе детали за оваа пајакова мрежа можете да прочитате во Промени во маркетингот.)
Повеќепати на претприемач имавме содржина која се однесува на оваа маркетинг средство. Доколку сте пропуштиле можете да ги прочитате следниве наслови за блог како маркетинг средство:
- Бизнис блог во 10 чекори
- 5 Слоеви за успешен бизнис блог
- Кревање на врева со бизнис блог
- 10 причини да имате WordPress блог за вашиот бизнис
Но, да се вратиме на целта на овој пост, а тоа е новата е-книга за блогирање на бизнис.
Е-книга – Блогирање за бизнис
По неколку месеци работа (добро, не постојано туку кога ќе успеев да украдам време) успеавме да ја завршиме првата верзија на оваа книга насловена како Блогирање за бизнис.
Велам првична верзија бидејќи истата ќе подлежи на промени не само поради тоа што се однесува на подрачје од бизнисот кое континуирано се менува туку и заради тоа што знам дека има простор за подобрување и секако има простор за уште наслови во самата книга. Затоа секоја добронамерна забелешка е добредојдена и слоборно можете да ни реплицирате со идеи или потреби кои ги имате во однос на блогирање за бизнис.
Како што знаете пред да ја довршиме книгата преку еден од билтените на претприемач побаравме одговор на еден прашалник за теми кои би сакале да се опфатат во книгата. Од одговорите најмногу се бараа темите за стратешко планирање, чек листа за успешен бизнис блог и 50 идеи за блог постови на кои и посветивме повеќе внимание.
Што е опфатено во блогирање за бизнис?
Овој материјал е структуриран преку следнава содржина:
- Вовед
- Што е тоа бизнис блог?
- Зошто блогирање за бизнис?
- Стратешко планирање за имплементација на блогирање за бизнис како дел од вашата маркетинг стратегија.
- Креирање на содржина, видови на содржина, структура на содржина и оптимизација на содржина.
- 50 идеи за блог постови
- Технологија за бизнис блог
- Чек листа која ќе ве води кон успешно блогирање за бизнис.
Најмногу внимание посветивме на сратешко планирање и креирање на содржина. Особено во делот за креирање на содржина можете да прочитате за видови на содржина која ќе се објавува на вашиот бизнис блог, структура на содржината (секој блог пост), процес на креирање на таа структура од идеја до вистински блог пост како и 50 идеи за блог постови за вашиот бизнис блог. Овие 50 идеи се дел од еден сервис во кој како тест период беа и сеуште се вклучени неколку бизниси кои секоја недела добиваат по 5 идеи. Тука од над 100-тината идеи ги ставивме 50-те за кои сметаме дека се едни од најважните.
Но, да не должиме многу. Можете да ја превземете оваа е-книга од 72 страни преку регистрација за неделни билтени. По регистрација веднаш ќе добиете email со линкови од оваа книга како и други бонус материјали како дел од овие билтени на претприемач.
Speak Your Mind