quote

Синџир на прифаќање на иновација

Многу иновации се потпираат на синџир на посредници кои се наоѓаат помеѓу нив и нивните купувачи. Разгледајте ги опциите за вашиот појадок. Пред да одлучите дали го сакате Strawberry Delight Cheeriflakes кој што луѓето од маркетингот на Z Cereals се обидуваат да ви го продадат, многу други актери треба да бидат усогласени. Производствениот менаџер треба да одлучи кога и како да го подеси производството за да го прифати новиот рецепт; дистрибутерот мора да се согласи на прифаќање на покомплексна палета на производи; продавачите мора да го промовираат; сопственикот на драгсторот мора да се согласи да обезбеди простор на полиците за новата понуда (што значи да земе место од други производи); и сите треба да се согласат на цената и условите. Сите тие заедно го сочинуваат синџирот на прифаќање на Cheeriflakes, и доколку било кој од нив се спротивстави на поддршката на понудата, купувачите никогаш нема да имаат можност да го купат производот, и компанијата Z нема да има можност да го продава.

~ Ron Adner

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*