post

Дали погрешно се разбираме?

Стартап - Започнување на бизнис Постојат повеќе полемики и постојано сум прашуван за тоа како може да пишувам дека бизнис планот е непотребен.

Но, никаде не велам дека еден бизнис план не е добра алатка за бизнисите. Но, велам дека не е најдобра алатка за започнување на бизнис.

Повторно, не е најдобра алатка, а што ќе користиш кога започнуваш бизнис останува на тебе како еден иден претприемач.

Кога се започнува еден бизнис постојат многу прашалници, равенства не со една или две туку со повеќе непознати, виша математика… За постоечките бизниси со изграден пазар, изградени купувачи и производи кои веќе се продаваат е многу полесно.

Викаат имаш бизнис идеја претвори ја во бизнис план. Но, дали некој знае како кога станува збор за нов бизнис? Да, повеќето знаат вака:

  • Мојот бизнис ќе биде тоа и тоа.
  • Моите купувачи ќе бидат тие и тие.
  • Моите производи ќе ги задоволуваат тие и тие потреби или ќе ги решаваат тие и тие проблеми.
  • Продажбата ќе биде вака и вака.
  • Трошоците ќе бидат тие и тие.
  • Маркетингот ќе биде ваков и ваков.
  • Билансот на состојбата ќе биде таков и таков (Биланс на состојба, уффффф…)…

Забележете едно ЌЕ секаде кое што е болдирано. Исто како кога син ми кога погреши нешто и се обидувам да го казнам ми вели ќе направам друг пат тоа и тоа. Но, по еден ден песната повторно иста ќе-то не станува направив. Или барем не станува лесно направив.

И кога ќе прашаш некого од каде податоци за тоа “ќе”, дали се сигурни итн. ќе добиете одговор дека е направена анализа на пазарот, Македонија има толку жители, толку се машки, а толку женски, деца се толку од нив одат на училиште толку и тоа е мојот главен сегмент или целен пазар, користев весник, податоци од статистика… Тралалалала…

Но, клучното прашање дали ќе има купувачи и дали веќе има не постојат како одговор. Дали тие купувачи го сакаат токму тоа решение?

Можеби проблемот е што не се сфаќаат новите дефиниции на стартап. (Знам дека правам грешка со користење на англиски израз за започнување на бизнис, но започнување на бизнис претставува активност на преземање на нешто, а јас зборот стартап го користам за опишување на ентитет, една организација или организациски систем, па поради тоа не можам да го користам македонскиот израз. Можеби би требало да кажам бизнис во започнување, но стартап не значи дека сеуште имаме бизнис бидејќи тој сеуште не претставува бизнис. Оставам простор на експертите од ова подрачје да најдат соодветна терминологија или пак доколку има нека ја посочат, дотогаш ќе го користам терминот стартап.) Во овој случај ќе ја искористам дефиницијата на Steve Blank (и да не заборавам неговата најнова книга The Startup Owners Manual која излезе на почетокот на март претставува “нова библија” за стартапи и во голем дел е во согласност со она што започнав да го развивам за наши услови како теорија на бизнис идеи од почетокот на оваа година):

Стартап претставува привремена организација во потрага за приспособлив, повторлив и профитабилен бизнис модел.

Како за една таква организација може да помогне бизнис планот? Никако. Но, за постоечки бизниси, менаџментот започнува да игра клучна улога, па и планирање и бизнис планот ќе претставува една од најважните алатки. Затоа и во претприемничкиот процес кој го развив и насловив како “претприемачки часовник” и кој сеуште не е никаде објавен, бизнис планот не е видлив од прва, туку се наоѓа во делот на менаџмент како процес на планирање.

Се надевам дека полека се разбираме.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Убаво речено, тоа ЌЕ-то и ЌЕ БИДЕ многу не има зафркнато. Мислам дека треба малку повеќе да се работи на него.

    • Sutevski says

      Здраво Иле,

      Ќе-то претставува голема опасност, во секој случај.

      Инаку, ми стои обележан твојот email за подобро го размислам пред било што да ти одговорам. Сеуште барам време.

      Поздрав

Speak Your Mind

*