post

Дали си менаџер кој дозволува неуспеси?

Менаџмент, зборот од кој стравуваат многу претприемачи. Збор кој означува проблеми за еден претприемач. Збор кој означува почеток на оставање дел од работата на претприемачот да ја врши некој друг во бизнисот.

Како и да е, сепак менаџерите се потребни за успешниот развој на бизнисот.

Често пати може да се слушне дека менаџерот е човек чија задача е да обезбеди се да функционира онака како што треба, без грешки или пореметувања во дефинираниот процес. Но, дали е тоа можно да се примени во нешто што е изградени врз основа на пробувања и грешки од страна на претприемачот?

Често пати може да се забележи неуспесите, па дури и најмалите да се казнуваат. Ова е поради фактот што стилот на таквите менаџери кажува дека за да се научи лекцијата грешката мора да се казни. Но, дали оваа размислување соодветсвува за времето во кое живееме денес?

Ние живееме во време кога зборовите, неизвесност, ризик, ново и иновација се нешто нормално.

Во едно такви услови, неуспех не значи пораз или загубена битка. Неуспех значи нов почеток. Дури и да се смета како загубена битка сепак војната не е изгубена, барем за оние упорните и истрајните претприемачи.

Уште како деца сите сме паѓале, сме имале раскрвавени колена. Но, сме паѓале за да научиме да станеме, да се кренеме и да го повториме истото без да паднеме повторно.

Доаѓаме до заклучокот дека успехот во голем дел се темели на неуспехот. Успех со неуспех можеби претставува оксиморон, но сепак практиката покажува дека е така.

Доколку сте менаџер, размисли за следниве прашања, одговорите може да ви дадат некои елементи од вашиот стил кои можеби ќе треба да се променат.

  1. Што се случува кога некој од твојот тим ќе погреши?
  2. Како се постапува со грешките?
  3. Како ги мотивирате вработените?
  4. Какви граници на толеранција имате вие како еден менаџер?
  5. Кој носи одлуки?
  6. Која е вашата улога во вашата организација?
  7. Размисли за твојата кариера? Дали си безгрешен? Кои се твоите грешки и каква трага оставиле во твојот живот и кариера?
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*