post

Дали вашата бизнис идеја е доволно голема?

Големите идеи претставуваат животен крвоток на секој успешен бизнис. Сите претприемачи имаат потреба од нив. Но, прашањето е како ќе знаат дали соодветната идеја е доволно голема да донесе уште поголем успех за бизнисот.

Дали идејата вреди да се имплементира? Зошто треба да започнам со оваа идеја наместо некоја друга идеја?

Оваа се прашањата кои ќе бидат поставени од секој претприемач пред да започнат со процесот на имплементација.

Сите ние имаме многу големи идеи. Некои од нив стануваат реалност, но поголемиот дел никогаш нема да бидат дел од процесот на имплементација.

Причината за оваа е користење на различни системи за приоритизација на идеите од страна на претприемачите. Но, главното прашање е како тие да знаат дека имаат големи идеи со потенцијал да го променат светот?

Да разгледаме некои сигнали кои ќе ви кажат дека веќе ја имате таа голема идеја.

1. Кога ќе ја добиете првата нарачка

Кога ќе ја добиете првата нарачка во која е интегрирана вашата голема идеја, ќе знаете дека сте на вистинскиот пат со таа идеја.

Доколку никој не сака да купи производи или услуги базирани на вашата идеја не можете да очекувате дека идеата е доволно голема за голем успех.

2. Кога ќе ја добиете првата голема нарачка

Но, понекогаш една нарачка не е доволна за да се вредува вашата идеја. Вашата голема идеја ќе треба да предизвика прва доволно голема нарачка.

една нарачка може да биде еднократна нарачка која нема да се повтори. За да вашата идеја биде голема бизнис идеја ќе треба да генерира доволно повторливи, но големи нарачки.

3. Кога вашите купувачи се среќни со резултатите од вашата идеја

Ја сипорачавте првата пратка со производи или услуги базирани на вашата голема идеја. Но, кој е вистинскиот одговор од лицата кои ја примиле таа пратка?

Дали тие се среќни? Дали се смеат кога ги користат вашите производи или услуги?

Доколку се среќни, тоа е важен сигнал дека вашата идеја е доволно голема идеја која ќе доведе до одржлив бизнис за вас.

4. Кога вашиот бизнис модел станува одржлив бизнис модел

Што претставува одржлив бизнис модел?

Во наједноставна форма, одржлив бизнис модел ќе треба да генерира доволно профит за вашиот бизнис во определен временски период во иднина.

Одржлив бизнис модел треба да обезбеди повторлив бизнис за вашата компанија без губење на вашите и парите на некој друг. Токму тоа е еден дел на што работиме во премиум претприемач 2.0.

Доколку вашиот бизнис модел успее на ваков начин, можете да кажете дека вашата бизнис идеја е доволно голема за да обезбеди голем успех.

Поради сето оваа, не можете да кажете дека имате голема бизнис идеја само затоа што вие мислите така. Мора да ги тестирате и потврдите вашите претпоставки. Тоа е единствениот начин да успеете.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*