post

Дали во Македонија се Краде Веб Содржина?

За ова размислувам веќе два дена откако ми јавија дека содржините на претприемач се објавуваат и на друго место. Добив едно такво известување бидејќи човекот кој ме извести сакаше да ме праша дали може да објавува написи од претприемач. Мојот одговор беше како и секогаш кога некој ме контактира во таа цел следниот:

Можете дури и без да ме прашате следејќи ги правилата на лиценцата под под Creative Commons 2.5 Macedonia License под која се лиценцирани написите на претприемач.

Во таа лиценца стои дека:

Можете:
  • да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото
Под следните услови:
  • Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
  • Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели.
  • Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Значи постојат 3 услови: да се наведе изворот од каде е преземен написот, да не се користи во комерцијални цели (да не се продава за пари или пак да не се објави на комерцијални веб страни) и да не се менува туку да се објави во ист облик.

Нормално, потоа ја проверив содржината на таа веб страна и навистина увидов дека се објавуваат скоро секојдневно по еден напис од претприемач и други написи кои сум ги прочитал некаде а знам дека не на таа веб страна. Веб страната која краде содржина е:

http://biznisidea.wordpress.com (линк не заслужува).

Потоа следуваше контакт до администраторот бидејќи на информации има оставено меил: biznisidea@yahoo.com. Еве го мојот mail до администраторот:

Почитувани …

Ми јавија дека користите написи од претприемач на Вашиот блог. Не е забрането реобјавување на написите на претприемач но е ограничено со одредени услуви што можете да го прочитате најдолу во футерот на веб страната – Написите на Претприемач се лиценцирани под Creative Commons 2.5 Macedonia License. Доколку отидете до таа лиценца ќе видите дека тоа е Attribution лиценца и дека за реобјавување е потребно да се наведе извор од каде ви е текстот. Сите текстови на претприемач се лиценцирани како моја интелектуална сопственост. Така да би ви предложил на сите текстови кои ги користите да ставите напомена дека се преземени од претприемач со линк до веб страната (http://www.pretpriemac.com)

Ова би ве советувал и за сите останати содржини кои не се ваша лична креација туку се превземени од постоечки веб страни за да немате проблем во однос на правни последици.

Ова е мој добронамерен совет.

Со почит,

М-р Драган Шутевски

Но, одговор сеуште немам. Кога во понеделник ја посетив страната увидов дека не само што немам одговор туку и дека „лоповот“ си продолжува со „лоповлукот“. Повторно еден од трите новобјавени блог написи е и еден мој со тоа што го сменил само насловот наместо 5 Бизнис елементи кои еден претприемач може да ги подобри уште денес ставил Совети за успешен бизнис.

Она што е трагично администраторот дури не се ни потрудил да ги исправи моите правописни грешки (продобрување) за што сведочат двете слики подолу:

Оригинал:

Плагијат:

Денес контактирав и со WordPress.com од кои добив упатства за користење на DMCA (Digital Millenium Copyright Act Notice) со тоа што ќе треба да им пишам официјален mail со одредени податоци за крадачот и за оригиналните написи и дека тогаш тие се должни по закон да ги превземат сите мерки за да се отстрани содржината од нивниот домен. Но, им реков дека ќе оставам уште два до три дена за да ја започнам постапката, бидејќи сметам дека администраторот на таа страна ќе се освести и ќе ја исправи грешката. А грешката се исправа само со додавање на извор од каде го превзеле материјалот. А, од друга страна не сакам веднаш да го рушам имиџот на Македонија дека крадеме содржина, бидејќи и без тоа имаме уште проблеми за докажување дека сме совесни.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Анонимен says

    Написов е препорачан на насловната страна на Пинг.

  2. Анонимен says

    А можеби двата сајтови се твои и глумиш дека некој ти краде содржини за да привлечеш внимание и зголемиш посетеност. 🙂

    • Д-р Драган Шутевски says

      Можеби доколку немам попаметна работа. Го оставам твото мислење на твојата фантазија.

  3. Д-р Драган Шутевски says

    Секој барем малку искусен во интернет светот знае дека двојна содржина штети на веб страната и дека Google едноставно ги игнорира таквите веб страни кај кои ќе забележи двојна содржина (duplicate content) на неколку начини: преку банирање и преку припојување на содржината (прикажување во резултати само на една содржина.

    Така да секој кој би се играл со вакво нешто би си наштетил многу повеќе отколку што би добил со посетеноста. И секако би требало да биде „глуп“ со диплома.

    Јас имам повеќе дипломи и сертификат, но за жал една таква немам.

  4. Моето лошо искуство од ваков вид е со мојата збирка од Македонски народни песни, која ја украде извесен Марјан Георгиев.

    Повеќе за ова има тука: Песно моја ископирана.

    • Д-р Драган Шутевски says

      Само што го прочитав твојот напис за копирање на македонски народни песни. И навистина човек треба да се запраша дали треба да твори нешто тука, во твојот случај навистина макотрпна работа. Едноставно некој вложува труд во прибирање, пишување и организирање а некој едноставно мисли да оди така на готово. Навистина целосно непрофесионално. Но, сепак тоа е наша реалност.

Trackbacks

  1. Tweets that mention Дали во Македонија се Краде Веб Содржина? - Претприемач -- Topsy.com напиша:

    […] This post was mentioned on Twitter by darko buldioski, Dragan Sutevski. Dragan Sutevski said: Pretpriemac-Dn.Doza: Дали во Македонија се Краде Веб Содржина? http://ow.ly/16mOL3 […]

Speak Your Mind

*