post

Дали знаете каде сте сега?

Сакаме да размислуваме за иднината и да заборавиме на минатото. Сепак, живееме во сегашноста, а денешницата е многу влијателна во создавањето на нашата иднина.

Размислете за прашањето во насловот на овој пост? Дали навистина знаете каде сте сега?

Не знам каде сум во овој момент во времето, но знам, каде сакам да бидам. Можно ли е тоа?

Како можeмe да отидeмe некаде, ако не знаeмe каде сме сега и што ќе треба да направиме со цел да стигнеме до местото каде што сакаме да бидеме во иднина?

Како човечки суштества имаме различна намена за нашата иднина. Но, сите од нас во моментов сме на различни позиции. Ајде размислете уште еднаш за различните сегашни позиции и различните цели за вашата иднина. Поради различните цели, не можете да очекувате да постојат некои шаблони кои ќе ви го покажат вистинскиот пат за вашето патување.

Одговорноста да се најде патот и да се оди по тој пат е во нас самите. Мораме да размислуваме, да планираме и да го создадеме нашиот сопствен пат до успехот.

  • Моменталната состојба ќе ни каже која насока ќе треба да се избере. Ако ние сме во позицијата А, и сакаме да бидеме во позиција Г, лесно можеме да ја пронајдеме вистинската насока. Но, ако ние сме во позицијата Б, и сакаме да бидеме во позиција Г, ќе имаме сосема поинаква насока по која ќе треба да одиме. Како и сèто друго во нашиот живот, ќе имаме многу алтернативни насоки, но една или неколку се оние кои ќе не однесат на позицијата каде што сакаме да бидеме. Ако не знаете каде сте сега, не можете да бидете во можност да ја изберете вистинската насока за твојата цел.
  • Моменталната состојба ќе ни каже кои ќе бидат нашите следни чекори. Бидејќи знаеме каде сакаме да бидеме, и ние ја знаеме вистинската насока, можеме лесно да ги избереме вистинските чекори кои ќе треба да ги преземеме. вистинските чекори се важни за нас, бидејќи тие ќе не однесат каде што сакаме да бидеме. Чекорите ќе се разликуваат врз основа на различните позиции каде што се наоѓаме сега.
  • Моменталната состојба ќе ни каже колку време ќе ни треба да пристигнеме таму каде што сакаме да биде. Пред да почнете да правите нешто за да се постигне вашата цел, ќе треба да знаете колку време ќе трае вашето патување. Знаејќи го потребното време, ќе можете подобро да се подготвите себеси за да бидете поистрајни и поупорни.
  • Моменталната состојба ќе ни каже колку многу напори ние ќе треба да инвестираме за да отидеме каде што сакаме да бидеме. Пред да почнеме да правиме нешто во врска со нашите цели, ние сакаме да знаеме колку напори ќе треба да инвестираме во тоа патување. Знаејќи го ова можеме подобро да се подготвиме и да бидеме поистрајни и поупорни.
  • Моменталната состојба ќе ни помогне да изградиме вистински план за нашето патување. Ако сакаме да успееме потребен ни е одличен план кој ќе не однесе на вистинската дестинација врз основа на нашите цели. Како можеме да направиме таков план, ако не знаеме каде сме сега?

Ако сакате да бидете попродуктивни, ќе треба да знаете каде сте сега, каде сакате да бидете во иднина и да подготвите одличен план кој ќе ве однесе не во било каква иднина, туку во посакуваната иднина.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*