post

Ден 1: Зголемување на креативноста – 77 подобрувања за 77 дена

Подобрување на креативност Ова е првиот ден од предизвикот за подобрување на твојот бизнис во 77 дена, каде што твојата задача е да ја зголемиш креативноста и да го подобриш целокупниот креативен процес во твојот бизнис.

Зголемување на сопствената креативност, креативноста на твојата работна средина и тимот на твојот мал бизнис е важна улога во подобрување на твојот вкупен бизнис.

Како и сè околу тебе, креативноста, исто така, може да се подобри. Ако се подобри твојата креативност и креативноста на твоите вработени, тоа ќе значи дека твојата компанија ќе создава поголема вредност за твоите потрошувачи, но исто така и ќе испорачува поголема вредност за нив.

Па, што е креативноста?

Во наједноставна форма, креативен си, ако направиш нешто од ништо. Криетивни луѓе ги гледаат можностите да создадат нешто од ништо.

Уметниците се креативни, бидејќи тие ставаат бои на бела хартија. Претприемачите се креативни, бидејќи тие создаваат нешто од ништо. Тоа нешто е бизнис, кој донесува вредност за потрошувачите.

Сето ова значи дека:

  • Треба да ја одржуваш креативноста во твојата компанија на високо ниво.
  • Треба да најдеш начини да ја зголемиш таа креативност.
  • Конечниот проценител на успехот во твоите напори за во креативноста во твојот бизнис ќе бидат твоите потрошувачи, или твојот пазар.

Ајде да погледнеме некои совети кои можат да ти помогнат да се стекне и да се зголеми процесот на креативноста во твојата компанија:

  • Ако не се обидеш нема ни да знаеш. Треба да се проба нешто ново, ако сакаш да бидеш креативен. Не можеш само да го чекаш вистинскиот момент. Понекогаш вистинскиот момент никогаш нема да дојде.
  • Лоши идеи денес можат да бидат добри идеи утре. Не плаши се дека ти или твоите вработени ќе имате лоши идеи. Ова е најголемата пречка на инвентивноста во твојот бизнис.
  • Бидете подготвени, идеите може да дојдат од секаде. Да, креативни идеи можат да дојдат од секаде, но тие можат и да бидат заборавени набргу, ако не ги запишеш. Секогаш биди подготвен да сочуваш идеи за анализа во иднина. Можеш да користиш лаптоп компјутери или уредите за снимање. Денес барем ова е лесно. Исто така, охрабри ги своите вработени да го сторат истото.
  • Направи твој бизнис да биде многу креативно работното место. Не мислам за мебел или боја на ѕид. Мислам на процеси, процедури и стандарди кои се користат во твојата компанија. Тие се едни од најголемите непријатели на иновации. Но, не треба да ги отстраниш, бидејчи од друга страна пак тие се нешто што може да ја зголемат продуктивноста. Едноставно, треба да ги промениш за да донесат повеќе слобода во процесот на работата, да овозможат споделување на идеите во рамките на твојот бизнис и да овозможат сите луѓе лесно да се префрлуваат од еден вид на работните активности на друг. Тоа ќе ја зголеми иновацијата и креативноста во твојата компанија.
  • Користи mind maps. Овие мапи се едно од најкреативното оружје на креативни луѓе.
  • Обиди се да ја охрабриш промената во рутините. Секојдневната рутина е убиство за инвентивноста во твојот бизнис. Обиди се да најдеш начин да направиш што е можно побрзи промени на рутини во твојот живот и твојот бизнис.
  • Користи вмрежување за да ја зголемиш креативноста во твојот бизнис. Сретнувај различни луѓе, разменувај различни мислења и зборувај за различни искуства со нив. Користи социјални мрежи за да се поврзеш и да комуницираш со колку што е можно повеќе различни луѓе. Охрабри ги своите вработени да го прават истото. Ова ќе го зголеми нивото на иновации во твојата компанија.
  • Наградувај ја инвентивноста. Користи различни наградни системи за да ги охрабриш сите во твојот бизнис да бидат покреативни.
  • Користи brainstorming состаноци за поттикнување на иновациите. Tреба да планираш некое време секоја недела да поминеш со твојот бизнис тим каде што ќе зборувате за нови идеи и можната имплементација на истите. Сите нека бидат охрабрени да споделуваат идеи.
  • Погледнете ги проблемите и различни решенија. Проблемите кои постојат во твојата компанија можат да бидат совршен извор на инвентивност, но и на креативноста.

Следува: Ден 2: Комуницирајте ги идеите

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*